CSS Template

Спроведена масовна акција за дезинфикација на улиците во Прилеп

259

Во изминатите два дена, во организација на Општина Прилеп, беше спроведена масовна акција за дезинфекција на улиците во сите населби од градот, како и повеќе објекти на државни институции, влезови во згради, парковски и сите други јавни површини.

Акцијата беше реализирана со помош на јавните комунални претпријатија од градот, ЈКП „Комуналец“, ЈКП „Водовод и канализација“, ЈП за ПУП и Територијалната противпожарна единица – Прилеп. Сепак, најголемиот придонес го дадоа граѓани од градот и населените места, кои со триесетина трактори опремени со прскалки ги дезинфицираа и тесните улици од целата територија на градот, онаму каде цистерните на јавните комунални претпријатија немаат пристап.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски ја искажа својата благодарност до вработените во прилепските јавни претпријатија и жителите од градот и населените места, кои несебично ја поддржаа акцијата за дезинфикација на улиците во градот. Истовремено, градоначалникот им се заблагодари и на останатите граѓани на Прилеп кои одговорија на повикот на локалната самоуправа и ги отстранија своите возила од јавните површини, во насока на успешно извршување на акцијата.

 


Vivafarm
Farma Dolneni