ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Млади, хумани и креативни

1.476

Со цел да ја предизвикаат среќата и да ја вратат насмевката кај  граѓаните, Тимот Pancakes, составен од ученици од СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп , (кои и пред новонастанатата состојба беа исто тaка активни) од рециклирани матерјални и она што моментно го имаат дoма, изработуваат најрзлични украси , кои симпатично би го краселе некое катче од домот и би послужиле како подарок.

 

Впрочем , велат тие, кога сето ова ќе заврши и кога луѓето ќе го вратат социјалниот живот и ќе уживаат , шетајќи и поздравувајќи се , едни со друг, учениците, креативци, ќе ги подаруваат своите изработки на плоштадот  “Методија Андонов – Ченто“ на сите непосредни  менувачи, како подарок ,но и како потсетување, на едно време во карантин и во неможност за физичко дружење, за да не се повтори, а луѓето повеќе да се почитуваат, дружат и да бидат креативни.

Новонастанатата состојба, велат,  уште повеќе ги мотивира да создаваат и да креираат,а идеите се зголемуваат. Учениците од Тимот Pancakes од СОУ “Ѓорче Петров„-Прилеп, имаат изработено над 150 вакви интерсни украси. Велат, се може да послужи како идеја и како матерјал, и старото копче за коса, и украсната панделка од плишаното мече, и пластичните цевчиња, и вуницата од баба, па дури и тоалетната хартија…

 „Додека трае карантинот секој од нас изработува различни изработки.  Сите тие изработки ,кои моментално ги имаме околу 150, ќе бидат поделени на случајни минувачи во центарот на градот по завршување на ова вонредна состојба.„-  велат од Тимот Pancakes од СОУ “Ѓорче Петров“  и ги покануваат и останатите ученици, од другите училишта, да им се приклучат на тимот  и заедно да креираат додека седат дома.

“Поголем тим – поголема среќа , а повеќе идеи – повеќе нови креации„ – велат!

Целта на нивната акција  е, како што велат, „да создадеме насмевки и среќа и да ги потсетиме луѓето дека животот продолжува и после овој вирус„

Браво креативци!

 

Контакт за вклучвање во тимот Pancakes: instagram matea_popovska

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: