ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Талевски: Грижата на СДСМ за земјоделците и земјоделството продолжува

592

Ја пренесуваме денешната изјава за јавност во врска со исплатата на субвенциите на тема земјоделство, од Центарот за комуникации со јавност при ОО на СДСМ Прилеп:

„На предлог на пратеници од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, Собранието ги усвои предлог-измените на Законот за земјоделство и рурален развој.Ги отстранивме пречките за исплата на субвенциите за тутунарите за оваа година.Она што е важно да знаат тутунопроизводителите, е тоа дека Платежната агенција веќе ги има преземено сите мерки и уште од следната недела ќе започне исплатата на субвенциите.Дека тутунарите се важни за СДСМ покажува и фактот што во петтиот пакет мерки обезбедивме дополнителни 307 милиони денари, односно пет милиони евра за поддршка на тутунопроизводителите.

Тутунарите да бидат спокојни. Субвенциите за тутун ќе бидат исплатени навремено. Времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги користеше субвенциите како алатка за манипулација со тутунопрозводителите, засекогаш е завршено.

Како одговорна партија, продолжуваме да градиме партнерство со тутунопроизводителите и со сите други земјоделци“, рече Миле Талевски, претседател на ОО на СДСМ и актуелен пратеник во Собранието.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: