ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Театар во Крушево – за “замокот” каде не прогонуваат “духовите” на системот

863

Вечерва на (04 октомври ) во Крушево , премиерно ќе биде изведена  дуо драмата „Др.Хупутдис Но Боди”, по мотиви на  “Тренер на духови” од Јон Бајешу,  во изведба на две актерките, прилепчанката, Аница Бебиќ и крушевчанката ,Захарија Ангелеска.  

Toa ќе биде необична престава која зборува за “замокот” каде не прогонуваат “духовите” на системот.

„Има тренери  и еден чувар. Тренерите се поставени како убијци на совест, не само од минатото туку и од непосредната историја, шетаат слободно,  обидувајќи се да влијаат врз совеста и слободата на изразување на поединецот. А, во замокот се ноѓа и едне чувар кој е неписме, и се обидува да станува “анѓел чувар” на сите оние што ќе им бидат испрани мозоците.“ – ни ја доближо преставата актерот  Анкица Бабиќ, во разговорот на Радио Пела и го поттикна интерсот кај публиката.

Влезницит за вечерашната престава веќе се распродадени, но проектот и понатаму ќе биде поставен  и ќе може да се погледне во наредниот период вели актерката.

Инаку, текстот е актуелен и денеска и нуди, и во исто време, и бара, креативно разбирање.  Преку циничниот хумор се креира една тензична атмосфера помеѓу ликовите.
Тоа е нееднаква борба помеѓу слободното зло и затвореното добро. Трагичен антагонизам инспириран од актуелни настани.
Заклучок е : на сите ни треба чувар!

“Др.Хупутдис Но Боди„ преставува трет самостоен проект на Захарија Ангелеска, овој пат поддржан од Министерство за Култура , и за прв пат поставен во Македонија.

Дуо драмата “Др.Хупутдис Но Боди”, ќе се изведе во  Дом на култура Крушево, во 19 часот и 30 минути, по сите прописи и заштитни мерки, имајќи ја во предвид новонастанатата здравствена состојба предизвикана од COVID 19.
Се препорачува држење дистанца и носење на заштитна маска, а бројот на публика , поради пандемијата е ограничен.

Сценографијаи дизајнот се на Маја Џеповска,музика е на Оливер Јосифовски, фотографијата на Андреј Рујаноски, а светло мајстор е Фани Ристеска.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: