ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Изложбата „Човек – број“ го опишува човекот како бројка во современот начин на живеење

575

„Човек – број“ е тематската изложба од уметникот Стефан Анчевски што e отворена, од денеска во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Стефан Анчевски за ликовниот опис на делата со наслов „Човек – број“ вели дека чекањето на шалтер со бројче во рака била најактуелната форма на нумерирање на луѓето во современиот начин на живеење и затоа сакал преку изложба да го престави овој дел од животот на човекот.

Принципот на „земи бројче“ можеби од една страна го олеснува воспоставувањето ред на чекање на шалтери на скоро веќе сите јавни администрации, банки, оператори ит.н. но, од друга страна она „најстрашното“ чекање не е изоставено. Токму тоа е појдовната точка на овој ликовен проект, кој сосема случајно (во тоа бескрајно чекање) почна да се развива за да го анализира човекот како број, поточно да го претвора или само да констатира дека од човековиот идентитет ( единствен матичен број), редниот број во училишниот дневник, бројот на индекс, па се до бројот на чевли, среќен број, број на години, број на шеќер во крвта… човекот се одредува, т.е. дефинира по случајност на броеви. Меѓутоа, не се работи за констатација, туку за чувство што го добивам секогаш кога ќе се повикам на одреден број – јас се претворам во број или бројот станува „јас“? Изработените графички решенија се со различни постапки и техники добиени по пат на случајност, без контрола врз една од најконтролираните ликовни техники – графиката. Со одбирањето на ваквата постапка ја надополнив содржината на моите дела – контролирањето и воведувањето ред со броеви на човековото постоење наспроти човековата природа, наспроти она што во својата суштина е човекот – вели уметникот.

Стефан Анчевски дипломирал на ФЛУ во Скопје, учествувал на изложби во земјава и странство и на повеќе ликовни колонии. Иако млад е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои на првата награда „ТрашФорАрт“ во 2014 година.Изложбата во Прилеп е поддржана од Министерството за култура.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе