ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тутунарите потсетуваат – сеуште чекаме “фамозниот 5 ти анти – ковид пакет” да помине во Собранието

1.190

Тутунарите денеска со јавно обраќање до сите релевантни институции потсетуваат дека не ги добиле средствата од 5 тиот анти-ковид пакет како помош од државата најавен уште пред неколку месеци. Дополнително, во актуелната сезона сушата прави огромни штети на производството, а тутуноизодителите пак не се вклучени во субвенционирање на трошоците за нафта неопходно потребна за обработка на земјоделските површини. Го пренесуваме јавното обраќање во вид на соопштение кое пристигна до нашата редакција:

Господине Џафери,
ако вие и пратениците доволно оцрневте и одморивте на море, Нас тутунарите не изгоре сонцето по нивите.
И затоа ако ги поминавте сите закони за законот од законот за 5тиот пакет мерки за тутунарите, БАРАМЕ на првата седница која ќе ја свикате во собрание да го ставите на гласање истиот, бидејќи тие стредства нас на тутунарите ни се веднаш потребни.
Секое друго одложување на овој ФАМОЗЕН 5ти пакет од ваша страна НИЕ тутунарите ќе го сватитиме единствено како средство за вршење притисок и начин на поткуп за изборите кои следат.
Бидејќи, господине Џафери, немаат сите среќа да имаат и преимаат, некој немаат па и она малку што им е ветено им е препотребно.
А имајќи го и фактот дека и во оваа реколта трпиме огромни штети од неповолните временски услови настанати од сушата и од врнежите од град каде во некои реони и преку 80 % им е уништен родот на тутунопроизводителите и земјоделците, апелираме ЈАВНО и до владата веднаш да прогласи елементарна непогода и да изнајде начин за обештетување на сите земјоделци вклучително и за тутунарите со кои мерки ќе се придонесе полесно да ја пребродиме и оваа тешка година со пандемија и со неповолни климатски услови за земјоделието и земјоделците.
Исто БАРАМЕ и вклучување на тутунарите и сточарите во мерката ЗЕЛЕНА НАФТА бидејќи колку за потсетување, и ние ги обработуваме нивите со трактори, доколку некој не знае.
И за на крај…
Дајте свестете се еднаш дека вие постоите за нас а не ние за вас и од вашите ветувања и политиканство сте ни дојдени преку глава, се вели во соопштението од Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: