ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ИН МЕМОРИАМ: Почина Јовица Фризерот, педагог, галантон и голем мајстор на фризерскиот занает 

8.332

На 83 годишна возраст (1938 -2021)  почина ЈОВИЦА НЕШКОВСКИ, познат кај еснафската занаетчиска фела и кај прилепчани како, Јовица Фризерот.

Јовица беше еден од најреномираните фризерски ликови во Прилеп, не само поради неговите фризерски мајстории, туку и по педагошки и еснафските квалитети. Беше еден од првите кои во Прилеп се занимаваше со фризерскиот занает и прв кои вршеше професионална обука на млади фризери и го пренесуваше фризерскиот занает на многу, сега,  познати фризерски имиња, не само во Прилеп, туку и во другите градови од Македонија, па и поширок, низ градовите на некогашните YU простори. Беше ценет меѓу колегите, меѓу граѓаните, меѓу останатите занаетчии низ прилепската чаршија. Познат како ментор, учител и мајстор на својот занает, тој не себично го пренесуваше своето знаење на генерации фрзиери.  

Прилепскиот еснаф и прилепската чаршија му одаваа почит на неговото знаење и работа, но и на неговиот галантонски изглед, господско држење и став како стилист и човек кој го почитува секој муштерија и секој еден добронамерник.  Беше дел и од структурите и на ФК Победа, во далечните 80-ти години од минатиот век. Ја сакаше Победа и фудбалот, како и секој еден занаетчија и прилепчанец, па во неговиот фризерски салон, покрај муабетите за фризурите на дамите, често се дискутираше и за постигнатите резултати на ФК Победа, за падовите и успесите, па тури и, тука, некогаш се „кроел„ составот за наредиот меч, како неизбежна тема во занаетчискиот фризерски дуќан на Јовица Фризерот.

Прилепчани ќе го паметат како човек со позитивен дух, со голема енергија за креирање, и несомнено со голема меморија за луѓето и случувањата во Прилеп и прилепско, со приказни за речиси секое прилепско семејство,  но и како човек мајтапчија,  со прилепски еснафски мајтап „собран“ од чаршијата и природен шарм, со позитивен дух и насмеан лик.  Учесник бил на голем број фризерски манифестации, а од своите колеги, на една од нив, ја доби титулата  „Награда за животно дело„. Што може човек повеќе да посака, отколку признание од своите колеги?! Но, делата се мерат по заслугите што си ги оставил.

Неговиот фризерски занает денеска го имаат научено од него, сигурно над 100 – на прилепски фризери, кои, вчера, му одадоа последна почит на својот, како што го нарекуваат „Маестро Јовица фризерот“ . Но, предавајќи им го занаетот, тој останува великан во очите на сите нив, бидејќи им овозможил да го продолжат неговото дело, да научат да бидат добри мајстори и добри луѓе со своите муштерии, како што беше врпочем и тој. А, прилепчани, тие сите што барем еднаш се сретнале со Јовица, ќе се сеќаваат на Јовица Фризерот, како ретко позитивен лик во прилепската чаршија, со насмеани очи и убав збор за секој еден.

 Посмртните останки на ЈОВИЦА НЕШКОВСКИ, беа погребани денеска на Градските гробишта во Прилеп.

Почивај во мир !

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: