ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вакцини против сезонскиот грип и за оздравените од КОВИД 19

637

Вакцинацијата против сезонскиот грип во Прилеп треба да започне утре, четвротк , 12.11 2020 г. Новина е што оваа година вакцинирањето ќе се одвива во просторија во Здравствениот дом Прилеп – Уредот, во делот кај предшколските вакцини со посебен влез. Пунктот ќе работи во попладневните часови, од 14 до 20 часот.

Закажувањето на вакцинирањето, останува исто како минатите години – го прави матичниот лекар, преку Мој термин. Многу од матичните лекари утрово се пожалија дека не можат да добијат термини за своите панциенти, а бројката на добиени вакцини за Прилеп не е како минатата година, додека пак интересот е поголем. За Прилеп моментно има 690 бесплатни вакцини за сезонскиот грип, за разлика од минатите години кога Прилеп добиваше над 2500 вакцини. (инф. објавена на 05. 11 2018 год. на радио пела и на порталот www.radiopela.mk)

Што се однесува до лицата кои биле заразен од коронавирусот, а сакаат да бидат вакцинирани против сезонски грип, тие  ќе може да примат вакцина после 1 месец по оздравувањето од коронавирусот –  информираат од Здравствениот дом – Прилеп . Со бесплатната вакцина ќе бидат опфатени хроничните болни, здравствените работници, бремените жени, децата од шест месеци до 5 години и пензионерите над 65 години.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: