ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вечерва проекција на македонскиот филм Хомо на „Десет дена Крушевска Република“

370

Со проекцијата на македонскиот филм „Хомо“, вечерва, среда 3 ти август, од 21 часот продолжува програмата на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“.

Филмот ќе се прикажува на летната сцена  од спомен куќата „Тодор Тоше Проески“ на Гумење во Крушево. Филмот е во режија на Игор Иванов Изи, кој заедно со Сашо Кокаланов се потпишува како автор на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Александар Матовски – Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Сашко Коцев.

Утре, на 4 август е впечатливата изложба на Зоран Кардула инспирирана од филмскиот серијал „Star Wars“ и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден со ди џеј сет на Томи Бојаџи. Изложбата е на споменикот Илинден на Гумење во Крушево.

Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ е отворена на 1 и ќе трае до 10 август. Сите денови планирани се културни настани, концерти, проекции на филмови, изложби… .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: