ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Видео) Гулабоски: Претпријатието финансиски е стабилно, а Прилеп оваа зима ќе нема проблеми со водоснабдувањето

1.128

Водата е од витално значење. Здравата и исправна вода за пиење е најважна, а систем за водоснабдување  основен за квалитетна вода. Карактеристично за Прилеп е тоа што, од седумте општини што се водоснабдуваат од системот „Студенчица“, е последен во системот за водоснабдување, па градот секогаш се бори за литар вода повеќе, иако од искустов дополнителна можност за водоснабдување се градските извори и бунари што Прилеп ги активира од далечната 2001 г. ,кога градот се соочуваше со недостиг на вода во големи размери. Тоа беше и повод за разговор :


За водоснабдувањето, за водоинсталацијата во градот, за финансиската состојба на ЈКП „Водовод и Канлизација“ и кадровската политика, со првиот човек, новоназначениот директор,  Игор Гулабоски, дир. на ЈКП „ Водовод и Канализација“ –Прилеп . (Целиот разговор можете да го погледнете во продолжение, а дел  од оваа содрижина и во текстуална форма)

 (2:10 мин) „Проблеми со водоснабдувањето оваа зима нема да имаме, бидјеќи издашноста на изворот „Студенчица“ е добар, иако  само пред три дена беше 700 л за Прилеп, а сегa во моментот, со подобрената хидрометеролошка состојба, добиваме преку 2000 л., односно  272 л/сек, од кои 232 л/с од „Студенчица“. Водата за пиење што ја добиваат граѓаните е квалитетна и хемиски и батериолошки исправна…„ рече Гулабоски во емсијата „Одговорност и одговори„

По неколку дена од стапувањето на раководната функција , Гулабоски се соочи со голем дефект во водоводната мрежа, во населбата „Тризла „, каде безалку 24 ч.  17 % од жителите на Прилеп, од четири прилепски населби, останаа без вода,крајно револтурано што немаат за тоа информација, ниту техничка вода

(6:02 мин) „Со ваков дефект, Прилеп се нема соочено во последните 15 години и таквиот дефект не можеше толку брзо и лесно да се реши. Добро е што е навремно отстранет. Ние во иднина ќе се обидеме граѓаните да ги информираме благовремено за сите настанати промени со водоснабдувањето, за нивно подобро информирање и комуницирање, користејќи ги и медиумите како наши партнери во насока на поквалитетна комуникација и соработка „ – рече Гулабоски 


                                                       Претпријатието е во добра финансиска кондиција

(16,30 мин) „ ЈКП Водовод и канализација – Прилеп моментно има 206 врааботени . Дали има превработеност или не, тука е дискутабилно, бидејќи во некој период недостигаат работници, а во некој се вишок, но би рекол тој број на вработени е доволен. Доколку би имале повеќе вработени, би одело на штета на претпријатието. Инаку, финансики претпријатието е во добра финансиска кондиција,  бидејќи наплатата за потрошена вода, на граѓаните и правните субјекти, е добра. Имам финансиски детален изештај од предходниот директор, но треба да се направи ревизија на истиот, што ќе биде реализирано до крајот на годината и тогаш ќе се знае точно со колкави средства располага ова претпријатие и како се располагало со средствата на граѓаните„- рече Гулабоски


( 18.25 мин ) „Претпријатието моментно не се соочува со проблем. Најавжна е водата , а неа, сега,  ја има во доволни количини. Но, секој ден се појавува некаков дефект. За жал, има делови во градот каде и канализационата мрежа, и водоводната мрежа, се со стари цевки, кои со тек на време ќе се  промеуваат, но тоа е долг процес.  И, во населените места имаме проблеми кои тековно ги решаваме ,  како што беше случајот во с.Канатларци, каде откажа водоводната пумпа, која бргу ја променивме, но апелирм до граѓаните да бидат трпеливи при санирањето на дефектите.„- рече Гулабоски,кој зборуваше и на други теми поврзани со активното работење на ЈКП Водовод и канализација-Прилеп

———————————————————————————————————————————

Инаку, новиот директор на ова претпријатије , Игор Гулабоски, е дипл. инж. по прехрамбена биотехнологија. Во ЈКП Водовод и Канализација -Прилеп доаѓа како технолог менаџер, со 18 годишно работно искуство во приватна фирма.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: