ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Ликот на Стале Попов „излезе“ на мурал

1.215

Се „појави„ муралот со ликот на романописецот, прилепчанецот , Стале Попов, автор на делата: „Крпен живот“ (роман, 1953); „Опасна печалба“ (1954); „Толе Паша“ (роман, 1956)„Калеш Анѓа“ (роман, 1958); „Дилбер Стана“ (роман, 1958); „Мариовскиот панаѓур“ (1961)„Мариовски раскази“ и „Итар Пејо“ (раскази)

Прекрасен, впечатлив мурал кој нема да остане незабележан кога ќе излезете и ќе прошетата низ Прилеп. Муралот, кој го краси ѕидот на зградата кај одделението за имотно- правни работи – Прилеп, деноноќно го креираа уметниците од Центар за современа ликовна уметност-Прилеп: идејното решение и изведбата на муралот е на познатите академски ликовни уметници Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго.

ВАКА СЕ ПРАВШЕ МУРАЛОТ

https://www.facebook.com/cslu.macedonia/videos/525230345460306

Муралот е подготвен како дел од проект „Уличната уметност, можност за реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати домашни дејци – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов“ во организација на филмската продукција Дрим Фактори – Скопје и здружението Центар за современа ликовна уметност-Прилеп, поддржен од Влада на Македонија.

Со овој проект е предвидена реактуелизација и презентација на дејноста и делата на двајцата истакнати македонски дејци со прилепско потекло – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов.

Следниот лик во мурал е на поетот и лингвист Блаже Конески кој ќе биде поставен (насликан) на ѕидот од некогашниот хотел Скопје, во центарот на Прилеп .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: