CSS Template

(Видео) За несовесното и нестручно изведување на спортскиот терен ООУ „Рампо Левката„ ја обвини фирмата – изведувач

335
Avtokontrol1

Со цел подобрување на условите за следење на наставните активности, ООУ „Рампо Левката“ во соработка со Општина Прилеп изработија проект за реконструкција на отворено спортско игралиште во нашето училиште.После спроведената тендерска постапка, за изведувач беше избрано. Друштвото за изградба, производство, трговија и услуги БРИКС ИНЖЕНЕРИНГ увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп, со одговорно лице Влатко Ингилизов.

Проектот, чија вкупна вредност изнесуваше 2.440.287 денари, опфаќаше изведба на следните работи: припремни, земјени, бетонски и асфалтирачки, молерофарбарски, потоа набавка, транспорт и монтажа на кошаркарски столб, изработка, транспорт и монтажа на метална клупа без наслон, како и набавка транспорт и монтажа на пластифицирано плетиво, односно мрежа.

Согласно потпишаниот договор, изведувачот БРИКС ИНЖЕНЕРИНГ беше должен да ги изврши работите во рок од 30 работни дена, а во случај на доцнење или неисполнување на услугата договорниот орган – ООУ „Рампо Левката“ има право на надомест на штета и договорна казна, која изведувачот на работите е должен да ја надомести. После извршениот увид во градежните работи, Комисијата од ООУ „Рампо Левката“ констатираше недостатоци, односно појава на трева помеѓу асфалтот, заради што до надзорот на работите ЈП за ПУП испрати приговор.

За утврдување на фактичката состојба на изведените работи, повикана е овластената фирма ГЕО КОНТРОЛ од Скопје, чии претставници зеле примероци, таканаречени кернови, од кои ќе се утврди квалитетот и дебелината на поставениот асфалт. Она што во овој момент сакам да го потенцирам е дека спортското игралиште нема завршна ситуација, односно не е извршен технички прием и не му е предадено на училиштето.

Очекуваме, деновиве да стигне извештајот од извршената анализа на поставениот асфалт, после што ќе ги преземеме сите неопходни законски чекори за да го заштитиме интересот на училиштето. Нема да дозволиме никој да ги злоупотреби парите на граѓаните на општина Прилеп, а кои во конкретниот случај се наменети за овозможување на квалитетни услови за спорт на нашите ученици. Фирмата изведувач, БРИКС ИНЖЕНЕРИНГ, која е една од фирмите на семејството Ингилизови, блиски на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги сноси сите последици за несовесното и нестручно изведување на спортскиот терен во ООУ „Рампо Левката“ , -истакна во писмено сооштени  и преку видо запис доставен до медиумите Менка Аџиоска, директор на ООУ „Рампо Левката“

 

 


semm
Farma Dolneni
Vivafarm