ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Владата го одложи стартот на второто полугодие

294
Стартот на второто полугодие за основното и средното образование се одлага за први февруари, одлучи Владата на синоќешната седница  по предлог на Кризниот штаб. До 1 февруари, училишните клупи ќе бидат празни, а причината за продолжување на зимскиот распуст е што се наоѓаме во пикот на ковид заразата. Во соопштението кое Владата го пласираше во јавноста синоќа стои дека наставата со физичко присуство ќе продолжи и во второто полугодие, а предвидено е наставната програма да заврши регуларно, односно на 10 јуни со тоа што наставните планови ќе бидат адаптирани до тој рок.

Како дел од одлуката за одложување на стартот на второто полугодие на учебната година се и задолженијата и укажувањата за Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Секторот за односи со јавност во Владата, Јавното претпријатие МРТ да упатуваат апели до учениците и родителите максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: