12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

Утре е Воздвижение на Чесниот крст- Крстовден

Православните верници утре го празнуваат големиот Христијански празник, Крстовден. Зимскиот Крстовден никогаш не го менува датумот и се слави еден ден пред Богојавление – Водици.

Како и секој голем христијански празник, постот е задолжителен и ригорозен, па најдобро би било, кој може, тој ден пости само со леб и вода. Во православните храмови на Крстовден и на Богојавление се осветува вода. Верниците овој голем празник го слават во пост, со одење во црква и палење свеќа, се прекрстуваат и ја читаат „Оче наш“.

Светата вода од Крстовден се пие со молитва. На децата им се дава, со верба дека лечи и штити. Мајките на овој празник, со молитва на челото на децата ќе им направат крст од осветено масло, а водата од Крстовден ќе ја чуваат и по потреба ќе им ја даваат на децата.

Акатистот за светиот крст започнува со една моќна реченица: Радувај се…

Од Божиќ до Богојавление верниците се поздравуваат со „Христос се роди“, „Вистина се роди“, а на Богојавление се поздравуваат со „Бог се јави“, „Вистина се јави“.

Луѓето кои се родени на овој ден се верува дека на својот грб ја носат сенката на Чесниот крст и дека затоа пред Господ се посебно одговорни за своите постапки.

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан…

Би можело да ве интересира

Кога ластовиците се селат на југ

Елизабета Филипоска

(АУДИО) „Prilep Special Show” -настан кој што не смеете да го пропуштите!

“Comfy Angel” за поддршка на младите во спортот!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе