ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Крушево ќе се одбележува роденденот на Тоше

319

Спомен-куќата на Тоше Проески  во Крушево утре со музичко-сценски настан под наслов „Ангел си ти“ ќе го одбележи 41. роденден на Тоше кој се уште живее во нашите срца.

Денот ќе се одбележи со крводарителска акција, која ќе трае од 10 до 16 часот, но ќе има и промоција на книга на Бојан Тодоровски, како и на збирката песни „1.200 молитви за Тоше“. Промоциите ќе бидат придружувани со настапи на Никола Зацески со групата „Мелем“ и на Горан Папаз.
Во 12:30 часот присутните ќе го посетат вечното почивалиште на Тоше, а од 14 до 16 часот ќе има музичко-сценски настан во изведба на Камерен оркестар на Битола, Пијано трио – Скопје и солисти на Македонската опера и балет под диригентската палка на Владимир Димовски.

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981. и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997. година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004-та ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ. Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: