ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во потрага по 10 годишниот Петар се вклучува екипа од Дирекција за заштита и спасување

494

На петтиот ден од исчезнувањето на 10 годишниот Петар во мариовско, кај селото Врбско, се вклучуваат специјалисти од Дирекцијата за заштита и спасување.

„Од денеска на потрагата по детето Петар Џобоски се приклучи и Дирекцијата за заштита и спасување. Во потрагата се ангажирани седум припадници на ДЗС од кои четири од Тимот за брз одговор за спасување од планини од ПОЗС – Битола, еден припадник од Тимот за спасување од високи објекти од ПОЗС – Прилеп и двајца вработени од Секторот за оператива и логистика“, информираат од дирекцијата.

 

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп. Веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на детето и во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон.

Министерството за внатрешни работи вчера апелираше поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во с. Витолиште 071 268-594.

За жал, сеуште нема никаква трага за малиот Петар Џобоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: