ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп активни се 63 случаи на заразени од корона вирус

635

Според податоците од Институтот за јавно здравје во Скопје кои се добиваат на дневна основа, во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 3 нови случаи на заразени со коронавирус и 2 оздравени од Општина Прилеп. На денешната средба со новинарите градоначалникот Илија Јованоски потенцираше за актуелната состојба со пандемијата.

Во моментов, на Инфективното одделение во Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 21 пациент, од нив позитивни се 16, а за 5 се чека резултат. На домашно лекување се наоѓаат 36 граѓани. Вкупно, од почетокот на пандемијата, 193 наши сограѓани се заразиле со коронавирус. Од нив, оздравени се 118 лица, 63 се активни случаи, а забележани се 12 смртни случаи.

Вкупната бројка на извршени тестови за коронавирус од Центарот за јавно здравје и Инфективното одделение, изнесува 906, рече градоначалникот Јованоски, кој нагласи дека нема место за поделби помеѓу граѓаните во општината.

– Никој нема право да стигматизира и да дискриминира една етничка заедница, дека токму тие се најпогодени од коронавирусот, во случајот Ромите од населбата Тризла.
Сакам да потенцирам дека од болеста подеднакво се погодени граѓаните од сите етнички заедници: Македонци, Роми, Турци и останатите. Процентот на заразени граѓани во Тризла 2, е ист како и процентот на заразени граѓани во другите Урбани заедници: Центар, 

Вишне, Ѓогдере итн.

Сепак, ние продолжуваме со спроведување на мерките за заштита на колективното здравје на граѓаните од општина Прилеп. Во текот на викендот, ја продолжуваме акцијата за дезинфекција на улиците, јавните површини и зградите во градот, рече Јованоски.

 

Дека најтешкиот период во Прилеп измина, потврди епидемиологот Татијана Мургоска Станимировиќ од Центарот за јавно здравје Прилеп. Според неа, овој период стувнува епидемијата, зашто бројот на заразени се намалува.

  Мургоска : Прилеп го помина врвот на пандемијата!– Во последиве 2-3 недели, како што се намалува бројот на заболени, се намалува и процентот на случаи со потешка клиничка слика на пациентите хоспитализирани во Инфективното одделение. Она што го тврдат и експертите, е дека со текот на времето овој вирус ослабува, се намалува бројот на заболени, како и тежината на клиничката слика. Следејќи го кај нас текот на пандемија од нејзиниот почеток на 24 февруари, пикот го имавме во периодот меѓу 17 и 24 април, после што бројот на заболени почна да опаѓа. Во последниве две недели ние претежно ги следиме контактите на веќе потврдени случаи на КОВИД-19, така што од кругот на веќе заболени изнаоѓаме нови контакти. Она што може да се каже, е дека бројката на заболени се намалува“, напомена епидемиологот Мургоска.

На денешната средба со новинарите градоначалникот информираше дека наредната недела ќе се исплатат средствата за набавените клими и велосипеди, постапка која што беше субвенционирана преку Општината, а ќе се распредели и донацијата од 100 таблет компјутери, кои тетовското семејство Дестани преку компанијата „Еколог“, ги донираше за учениците од социјално загрозените семејства од општина Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: