ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (2)

1.058

Пишува Зоран Момироски

– ДЕНОВИВЕ, МНОГУ НАШИ КОИ ЖИВЕАТ И РАБОТАТ ВО СТРАНСТВО СЕ ВО ПРИЛЕП. ОД НИВ ГОЛЕМ ДЕЛ И ПАТРИОТИ КОИ НА ФБ УРЛИКААТ И ЛАЈКУВААТ: “МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НЕ ГО ДАВАМЕ ” , ИСТИТЕ ТИЕ, СО СВОИТЕ ДЕЦА И ЖЕНИ ЗА ДА ПОКАЖАТ И ДОКАЖАТ ОД КАДЕ ДОАЃААТ, А НЕ ОД КАДЕ СЕ, ПА МЕЃУ СЕБЕ ПРЕД ДРУГИТЕ ЗБОРУВААТ ГЕРМАНСКИ АНГЛИСКИ ШВЕДСКИ… ГИ ГЛЕДАМ И СИ ПОСТАВУВАМ ПРАШАЊЕ: ДАЛИ ЕДЕН ФРАНЦУЗИН КОЈ СО СЕМЕЈСТВОТО ЖИВЕЕ И РАБОТИ ВО АМЕРИКА КОГА ЌЕ СЕ ВРАТИ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ВО ПАРИЗ ПРЕД СВОИТЕ ЌЕ ЗБОРУВА АНГЛИСКИ?!

– НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ПАЗАРИ СИ ЈА ЗГОЛЕМИЛ ПЛАТАТА ОД 40.000 НА 60.000 ДЕНАРИ. ПА, ЧОВЕКОТ Е ДИРЕКТОР И ТРЕБА ДА ЗЕМА КОЛКУ ШТО МИСЛИ ДЕКА ЗАСЛУЖУВА! ПРОБЛЕМОТ Е ШТО ТИЕ ШТО ГО ПОСТАВИЛЕ И ПРЕЌУТНО МУ ДОЗВОЛИЛЕ, СЕГА МУДРО СИ МОЛЧАТ, И СО СИТЕ СИЛИ ЈА БРАНАТ ПОГОВОРКАТА – ПОДРЖИ МИ ГО КОПИЛЕВО ЗА ДА Ѝ ВИКАМ НА КОПИЛЕШКАТА.

– НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО АКЦИЈАТА БЕЗБЕДНО ЛЕТО НА МВР ПРОДОЛЖУВА И СЕКОЈА ВЕЧЕР ПРИПАДНИЦИ НА ЕБР СО ПРИПАДНИЦИ НА ИНТЕРВЕНТНАТА ПОЛИЦИЈА СЕ ВО ПРИЛЕП… ПРОБЛЕМ Е ШТО И ПОКРАЈ ЗАСИЛЕНИТЕ КОНТРОЛИ И НАТАМУ СЕ ВОЗИ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ, БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА И СО НЕ РЕГИСТРИРАНИ ВОЗИЛА. ПРОБЛЕМ Е ШТО РОДИТЕЛИ ОД ПИЈАНИ МАЛОЛЕТНИЦИ СОБРАНИ ОД УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ОДАТ ВО ПОЛИЦИЈА, СИ ГИ ЗЕМААТ СВОИТЕ ДЕЦА И НЕМААТ ПОЈМА КАДЕ БИЛО И ШТО ПРАВЕЛО НИВНОТО ДЕТЕ..

– ГО ВОЗАМ ВНУКОТ СО КОЛАТА. ЗАСТАНУВАМ НА СЕМАФОР. НАМЕСТО ЦРВЕНО СВЕТИ ПЛАВО, НЕОН. ДЕТЕТО СЛУШНАЛО, ВИДЕЛО ПО СВЕТОТ И БЕЗ ПРОБЛЕМ МЕ ПРАШУВА – ЗОШТО НЕМА И НЕ СВЕТИ ЦРВЕНО? СЕГА Е ПРОБЛЕМ ЈАС КАКО ДА МУ ОДГОВОРАМ И ДА МУ КАЖАМ ДЕКА НИТУ НЕКОГО ГО ИНТЕРЕСИРА ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА: КАКО И ДАЛИ РАБОТАТ СЕМАФОРИТЕ, НИТУ ИМААТ ЖЕЛБА ДА СОЗДАДАТ ЕЛЕМЕНТАРНИ УСЛОВИ ДА ГИ ОТСТРАНАТ НЕДОСТАТОЦИТЕ ИЛИ ДА ГИ ОБНОВАТ СО НОВИ. СЀ Е СВЕДЕНО НА КРПИ ЗАКРПИ ИЛИ КРПИ ЗАЛЕПИ.

– НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО ВО ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА ДЕНОВИВЕ НЕКОЈ НА БЕЛ ДЕН, СРЕДЕ ПЛАДНЕ ГИ ИСКРШИЛ КАФЕЗИТЕ ВО КОИ СЕ ЧУВААТ ЗАЈАЦИ, НА КОИ, КАКО И НА ПТИЦИТЕ, НАЈМНОГУ ИМ СЕ РАДУВААТ И ГИ ХРАНАТ МАЛИТЕ ДЕЧИЊА. НЕ Е ПРОБЛЕМ И ТОА ШТО ЦЕЛО ПОПЛАДНЕ СТРАЖАРСКАТА СЛУЖБА МОРАЛА ДА ГИ БРКА НИЗ ПАРКОТ ЗА ДА ГИ ФАТИ И ДА ГИ ВРАТИ ВО ДРУГ КАФЕЗ. ПРОБЛЕМ Е: НА КОИ ИДИОТИ ИМ ПАДНАЛО НА ПАМЕТ ДА КРШАТ КАФЕЗИ ДА ГИ ИСПУШТААТ ЗАЈАЦИТЕ И ДА ИМ ГО СКРАТАТ ЗАДОВОЛСТВОТО НА ДЕЧИЊАТА?!

НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО НАРОД СМЕ! ПРОБЛЕМ Е КАКОВ НАРОД СМЕ!!! 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: