ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп одбележани 150 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев

472

Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески и од претседателот Советот на Општина Прилеп Дејан Проданоски, наставници, вработени и ученици од ООУ „Гоце Делчев“ , со должна почит денеска се поклонија и положија цвеќе пред бистата во училиптетот, по повод јубилејот, 150 години од раѓањето на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев .

Како дел од пригодната програма, пред присутните се обрати директорката Снежана Котева  која што истакна : „ Во оваа пригодна можност морам да нагласам дека се гордеам што нашето училиште сигурно чекори во процесите на унапредување на квалитетот на наставата и учењето имајки во предвид дека, во современото општество  кое се карактеризира со брзи промени во сите области, воспитно-образовниот процес  е поттикнувач на општествениот развој. “

Наставничката Величе Лесноска имаше подготвено реферат за животот и делото на нашиот апостол Гоце Делчев, а исто така дел од учениците имаа подготвено и кратка музичка точка со песна за Делчев.

Гоце Делчев е еден од најголемите македонски национални херои, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна борба, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.

Роден е на 04 февруари 1872 година во Кукуш.  На 3 мај 1903 година откако пристигнал на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ во селото Баница Серско, војската го опколила селото и во борбата утрото на 04 мај загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: