ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во прилепскиот театар премиера на претставата „Круг“

356

Претставата „Круг“ во режија на Јован Ристовски во театарот „Војдан Чернодрински“ Прилеп, вечерва ќе ја има претпремиерната, а утре петок, 15 јули 2022г., од 20.00 часот својата премиерна изведба. Претставата е работена по текстот „Дамата од Дебјук“ од Едвард Олби, што ќе биде праизведба во Македонија. Преводот од англиски и адаптацијата е на драматурот Лидија Митоска Ѓорѓиевска.

„Претставата е трагикомедија која влегува во надреализам. Првиот чин говори за едно друштво, а во вториот се сфаќа дека с# не е убаво. Говори дека луѓето се станати безобзирни, себични и дека човештвото се наоѓа на раскрсница и дека треба да се преиспитаме – каде одиме. Никој не е свесен за маните и доблестите, освен ликовите кои доживуваат метафорично екаполипса. Секој крај носи нов почеток. Се надевам дека ќе стфатиме дека треба да одиме на подобро, “ рече  режисерот Јован Ристовски, на денешната прес конференција.

Актерите велат дека претставата задира во нашето секојдневие, и ќе не’ натера да се преиспитаме кој сме, каде сме.

„Тоа гледање внатре треба да не направи луѓе, бидејќи покажавме колку сме ѕверови и безобзирни. Ми е жал што живееам во ова време и што оставаме на нашите деца. Можеби ќе има некаква промена, но ако продолжиме вака не одиме никаде. Ако не направиме како луѓе еволутивен чекор исто како да не сме постоеле“ рече Даниела Иваноска, која го игра ликот на Џо.

Станува збор за современа драматургија вели актерот Игор Трпчески.

„Задира во она што ни се случува сега, дека за жал се разединуваме…Пораките од претставата се надевам ќе допрат до публиката“, рече Трпчески.

Во претставата играат Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Димитар Црцороски, Наташа Ачански, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Сприкоска Илијеска. За сценографијата и за изборот на музика се погрижи режисерот Ристовски, а костимите се на Андреј Ѓоргиевски. Претставата финансиски е поддржана од Министерството за култура во годишната програма за 2022.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе