ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во прилепските средни училишта слободни места за упис има за 1.500 ученици

723

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во средно образование во учебната 2019/2020 година.

Првото пријавување ќе биде на 17 и 18 јуни,.Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени ден подоцна.

Во петте средни училишта во Прилеп според конкурсот слобни места има за запишување на вкупно 1 500 ученици. Во ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“во прва година места ќе има за 306 ученици, во 9 паралелки, со настава на македонски јазик според наставните планови и програми, во СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ во прва година предвидено е да се запишат 340 ученици во 10 паралелки, во СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ во прва година ќе запише 306 ученици, во 9 паралелки , во СРЕДНО ОПШТИНСКО ЕКОНОМСКО ПРАВНО ТРГОВСКО УЧИЛИШТЕ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ“ во прва година ќе се запишат 238 ученици, во 7 паралелки .СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „РИСТЕ РИСТЕСКИ – РИЧКО“ во прва година ќе запиши 356 ученици, во 11 паралелки .

Што се оденсува до Крушево  во единственото СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „НАУМ НАУМОВСКИ – БОРЧЕ“ во прва година места има за 170 ученици, во 5 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми и тоа за гимназиско образование – 68 ученици за 2 паралелки и Угостителско-туристичка струка – 102 ученици во  3 паралелки.

Второто пријавување и запишување на учениците во прва година средно училиште е на 24 и 25 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 26 јуни. Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: