ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Водата совесно да се користи, апелира ЈКП Водовод и канализација Прилеп

467

Променливиот доток на вода од Регионалниот водовод „Студенчица“, како и  екстремната потрошувачка од страна на граѓаните, се причините поради кои од денеска во водоснабдителниот систем во Прилеп да се пуштаат во функција  градските бунари Кишовица и Орушица, стои во известувањето на ЈКП Водовод и канализација, при што се апелира на соработка со граѓаните и совесност .

ЈКП„ Водовод и канализација“ Ви се заблагодарува за Вашето разбирање, подадената соработка и подршка кога водоснабдувањето се врши под специфични услови во овие летни горештини и кога имаме намален доток на вода од Регионалниот водовод „Студенчица“.

Нашите резерви на питка вода се доволни за да ги задоволат Вашите вообичаени потреби. Сепак, имајќи ги во предвид жешките денови, Ве молиме да помогнете да се избегне несовесната потрошувачка на вода, се вели во известувањето на ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

Водоснабдувањето и денеска ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење, при што вкупната произведена количина на вода е 250л/с, од кои 210л/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:

– Мире Цилкоски

– Р.Ристески-Ричко

– Реон: Бунари

– н.м.Мало Коњари

– н.м.Ерековци

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: