ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За Дневните центри за деца со посебни потреби сеуште нема одлука кога ќе почнат со работа

412

Додека детските градинки се отворија за децата, училиштата се подготуваат да ги отворат своите врати за учениците, децата со посебни потреби остануват дома.

Родителите бараат нивните деца да им се вратат на активностите во Дневните центри.  Прилеп има два дневни центри, центарот “Ѕуница“за деца со посебни потребни и Дневниот центар за деца со церебрална парализа кои минатата година, во овој месец, славеше една година од своетото постоење ,а денес е со затворени врати.

Вкупно 30 –тина деца со ментална и телесна попреченост ги посетуваа овие два центири, со цел нивна социјализација и инклузија. Но, веќе шест месеци поради пандемијата и новонастанатата ситуација овие деца се исклучени од сите активности и се само со своите семејства. Во разговор со дел од родителите, чии деца со посебни потреби  посетувал еден од дневние центри во Прилеп вели дека тие како родители ќе им обезбедиме на децата маски и сѐ што е потребно, самодаможатдасевратат, и да ја продложат нивната актиност, бидејќи оваа состојба, и тоа како влијае  негивно врз нив, „и, сега како се да е почеток со во нивната социјализација и вклученост во заедницата “- велат тие.

„Протоколите како да работат овие центри се излезени. Ние ги имаме направено сите подготовки за започнување со работа, но чекаме насоки од министерството . Ќе се работи со помала група на деца, не повеќе од 10 деца во група. Правиме приоритет на кои  родители му е најнеопходно децата да престојуваат во дневнит центри, во зависност од работни обврски на родителите и не можноста некој да се грижи за детето. Но, мора и да ги почитуваме здравствените мерки и протоколите за оваа категорија деца, бидејќи мора да имаме во предвид дека се работи за лица со нарушено здравје и се во дополнителен ризик. – вели, директорот на МЦСР –Прилеп, Дејан Тошески за оваа состојба, нагласувајќи дека процесот на отворање на Дневните центри во државава, ќе биде за сите ист, во дадениот момент кога ќе се утрдат насоките од министерството

Досега ниту еден дневен центар за деца со посебни потреби не е отворен, За овие центри сѐуште нема одлука – кога можат да почнат со работа и под какви протоколи.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: