18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

„Втора светска војна, завршни операции – капитулација на оската“- трибина на Сојузот на борци – Прилеп

Сојузот на борци-Прилеп, традиционално организира трибина во врска историски теми поврзани со Народно-ослободителната борба, или со операциите од Втората светска војна во Европа. Денешната трибина која се одржа по повод 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот, беше „Втора светска војна, завршни операции – капитулација на оската“, на која предавач беше Илија Велкоски, советник, историја на уметност.

Целта на ваквите трибини на поддржувачите на боречката организација, околу 2.000 на број, како што истакна Велкоски, е задржување и продолжување на традициите од НОБ од 1941 до 1945 година.

„Значењето на овој датум е многу важно. Со капитулацијата на Германија и Јапонија, настанува нова ера во светските збиднувања. Покрај негативностите на светската војна, покрај сите убиства и разурнувања, има и еден позитивен тренд: сите колонијални држави почнуваат револуција и до седумдесеттите години се ослободуваат и формираат сопствени држави“, истакна Велкоски.

На трибината присуствуваа и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на Совет на Општина Прилеп, Миле Талевски.

Би можело да ве интересира

Бехтел и Енка не се откажува од експропријација на нивите во Беровци

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Тутунари: Не сме социјалци, сакаме лепчето да си го заработиме со мака!!!

Филип Јовески ја претставува втората самостојна изложба – „Патување”

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе