ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО – Илиески : И недостаасуваше на репрезентацијата можеби повеќе “спортска интелегенција” (ВИДЕО +ФОТО)

некогаш најдобро лево криво на РК ТУТ - КОМ

471

“ВЕЧЕР НА КРИСТИЈАН ИЛИЕСКИ “ на тогаш младиот а подоцна еден од носителите на играта на ракометниот клуб Тутунски Комбинат. Вака го започнавме разговорот со некогашното најдобро лево криво на ТУТ- КОМ , Кристијан Илиески кој својата кариера ја започна во далечната 1987 година. Илиески ни гостуваше во нашата програма во живо посветена на ЕУРО 2022, ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО. Тој вели дека бил горд што со еден ваков наслов се одбележал почетокот на неговата кариера а за еден млад тинејџер кој влегува во ракометните води , тогаш преставувало гордост за него како млад човек да се шета низ прилепската чаршија и пред љубителите на ракометот а уште поголема гордост кога ќе истрчал заедно со неговите колеги на паркетот во универзалната сала.

Играв за тогаш одлично организираните Јафа Пром и Шевро Куманово , играв и за Вардар но секогаш во мислите и срцето ми беше мојот , Тутунски Комбинат и мојата прилепска публика , вели Кристијан кој при гостувањето се заблагодари и до нашиот медиум што му  даде можност да проговори за спортот кој му лежи на срце ракометот.

 

За време на гостувањето во нашата програма Илиески анализираше и за нашиот национален тим велејќи дека оваа репрезентација во иднина ќе ја радува нацијата а за ова нивно преставување , според него потребна била повеќе “спортска интелегенција” за да бидат конкурентни со останатите селекции.Во целост разговорот со прилепската ракометна легенда можете да го погледнете подолу во видеото.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: