ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започна тутунскиот откуп – очекувањата се фер проценка

1.257

Тутунски Комбинат Прилеп во централниот пункт, Сокотаб и Алијанса денеска започнаа со преземањето на тутунската реколта во Прилеп. Според најавите, останатите комбинати ќе ги отворат пунктовите в четврток, на 9 ти декември. Во Тутунскиот Комбинат од утринава се ценеше на повеќе ваги, производителите задоволни од првичната проценка:

– Имаме донесено околу 30 картони, ќе биди околу 500, 600 кгр. Ценењето уште не знаеме како ќе биде, се надеваме дека ќе биде добро и нема да биде како лани. Тутунот годинава е многу убав, нема скапан, нема трул, си велиме дека ќе поминеме добро,годинава е и помалку тутун, вели Методија Ѓорѓиоски, тутунар од Прилеп.

– Денеска прв пат носиме, многу убаво ни помина, прва – втора и малку трета класа,ама задоволни сме. Донесовме околу 800, 900 кгр. Во споредба со лани годинава е поарно, и лани беше, ама годинава е поарно, вели Сеидие Салиоска, тутунар од Прилеп.

Проценителите велат дека се’ зависи од квалитетот, годишната реколта е со подобар квалитет од ланската.

– Оваа година е поквалитетен тутунот во споредба со лани, релативно има добар квалитет. Ова е втора класа и досега што проценивме кооперантите се задоволни и немаме некој проблем, вели Верче Коцеска, проценител.

Раководството на Комбинатот велат дека сразмерно на поквалитетната реколта, така ќе биде и проценката:

– Очекуваме дека просечната цена ќе биде далеку повисока од она што го имавме минатата година, бидејќи имаме од нашите сознанија на терен, имаме поквалитетна година од лани. Очекуваме дека просечната цена ќе биде драстично поголема од лани, кога се движеше околу 160 ден за кгр. Имавме правилен распоред на врнежи имавме добро сушење на тутунот. Од терен нашите реонски служби кажуваат дека оваа реколта има подобар квалитет, споредбено во однос на ланската е да не речам далеку подобра од лани. Во населените места стартуваме во четврток во полн капаците, на 21 откупен пункт со 31 вага и очекуваме дека целата количина која што ја имаме договорено со нашите кооперанти во целост ќе биде откупена, рече Кирил Станкоски генерален директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп и посочи дека, исто како и минатите години, како тутунот се откупува, веднаш наредниот ден ќе се врши исплатата.

Претставниците од Сојузот на земјоделски здруженија апелираат тутунарите да носат производство за проценка од сите берби:

–  Оваа е многу подобра реколта од ланската, бидејќи тутунот е многу поквалитетен годинава и еве како што се гледа во Тутунски Комбинат линијата оди добро. Тутунопроизводителите да носат тутун од сите берби, зашто мислам дека така ќе биде многу подобро, очекуваме просечната цена да биде над 180 – 200 денари за кгр, вели Злате Даноски, претседател на Тутунско здружение „Мице Козар“ Прилеп.

Од новоформираните тутунски здруженија повикаа на поголема присутност од страна на поверениците од Сојузот и на земјоделскиот инспекторат, со цел да се обезбеди фер проценка на сработеното, а политичарите да се позанимаваат со реалните проблеми на народот:

– Сојузот на земјоделски здруженија, да биде присутен цело време на откупните ваги, каде, преку своите повереници може да делува во одбрана на цената на родот на тутунарите. Исто така земјоделскиот инспекторат да биде буден и присутен цело време, бидејќи со своите контроли може да придонесе за пореална откупна цена. Она што сакам најмногу да потенцирам е до политичките елити, до политичките партии и од македонскиот и од албанскиот блок, – да се симнат меѓу народот, меѓу реалните проблеми на населението, а не да се занимаваат само со политички пресметки, мнозинства и со тоа кој лидер, која функција ќе ја преземе, туку да влезат меѓу народат и да видат со какви проблеми се соочува, вели Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

До понеделник во долненско треба да бидат отворени сите пунктови, а дел се отвораат во четврток, додека на ниво на Македонија вкупно се регистрирани 204 ваги од 9 откупувачи кои ќе започнат со работа најдоцна до 15 ти декември. Инаку, годинешната реколта се цени според нов правилник донесен непосредно пред стартот на откупот. Проценките се дека реално реколтата ќе тежи околу 18 илјади тони ориентален тутун, иако според договорите количината е 22 илјади тони.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: