10.3 C
Прилеп
среда, 30 октомври, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) За Иванден „Преродба“ со децата од градинка пееја “Тајане Бојане„ и месеа кравајчиња

Здружението на жени „Преродба“ кои ги негуваат обичаите и традицијата, за Иванден беа меѓу дечињата во детската градинка “Наша иднина“, да и го пренесат обичајот “Тајане Бојане“, кој е можеби задржан како обичај само во Прилеп. И, сите заедно пееја:

Тајане, Бојане, имам брат Свети Јоване,
ункеши, ункеши, ункеши по маглата.
По магла, по магла, по магла ситна роса,
по роса, по роса, по роса мома боса.
Играле момите крај манастирот,
калуѓер гледа од пенџериња,
фрли си шапка на герамиди,
од герамиди на трендафилот,
белата брада на берберница
црната брада на касапница.
Потоа, сите вкусија од убавите кравајчиња подготвени од вредните раце на жените од  дури и „прсти да излижеш“, толку беа вкусни“; Насмевнките неизбежни,а радоста заедничка,така беше за Иванден во ЈУДГ “Наша иднина“ Прилеп, за Иванден.

Нашата улога е да ги зачуваме обичаите и да им ги пренесеме на најмладите, за да ги научат и чуваат како духовно богатство на нашиот народ, за де не се заборават“ -велат од здружението Преродба, кои потоа заедно со децата месеа и кравајчиња, како симбол на празникот Иванден.

„На православниот христијанки празник Иванден – Раѓање на Свети Јован Крстител, месење кравајчиња, направени од посни состојки и украсени со шарени шеќерќиња и обичајот “Тајане Бојане“, каде група деца собираат состојби за крвајачињата од секој дом, пеејќи им ја на домаќините песната “Тајане Бојане“, за здравје и род во куќата,е можеби еденстван традицја која ја одржал Прилеп и на која сем посебно горди ,вели една од членките.
Тоа е обичај во кој едно машко детенце го носи ѓумчето кое е украсено со цвеќиња во кое се пуштаат парички во тепсија во која има ставено чаша и ваганче. Во тепсијата домаќинките каде децата ги посетиле им подаруваат брашно, во ваганчето се дарува шеќер и во чашата се дотура масло. Сето тоа служи за месење на кравајчињата, а парите се за да се купат шеќерчиња и да се украсат кравајчињата, кои потоа им се делат на дечињата во малоото.

Но, обичајот денеска само за зачувува од незаборав и ретко се применува во секојдневниот живот на прилепчани.

ЗА ВАС! Следете ги информациите и на интернет радиото од РАДИО ПЕЛА https://live.mkdstream.com/public/radiope секој работен ден за најновите случувања од Пелагонија во ударните вести „Пелагониска хроника“ во 16,30 часот

ВЕСТИ:  6,30, 09,00 , 14,30 ,16,30, 19,30

Би можело да ве интересира

Хуман гест! Средствата од билетите за компјутер за Стефани

Елизабета Филипоска

(Видео) Собираат средства за бебето Марија – мали херои од наше маало,пример за возрасните

Елизабета Филипоска

Локализиран пожарот кај с. Мало Рувци

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе