15.4 C
Прилеп
недела, 7 јуни, 2026
Пела Радио

Александра Трајческа: Пренесов убава енергија на Макфест

„Навика“ е песната со која  се претстави на Макфест 2024. Кои се авторите на песната и како си задоволна од настапот? 

Многу сум задоволна од настапот на Макфест, сметам дека добро ја пренесов енергијата од песната на публиката, иако секогаш сметам дека има место за подобрување од технички аспект. Како комплетен автор се потпишува Зоран Алексиќ ,а заслужни за текстуалното видео кое ќе излезе со песната се SkyEye. Подготовките за песна беа забавни,во полна пареа ,исполнети со неочекувани пресврти но, неуморни.

Неодама ја отпеа и извонредната и незаборавна „Еден бакнеж“. Колку македонската евергрин музика влијае врз твојот музички развој?

Македонската музика претставува корен и почеток за секој музичар кој што е роден тука,сме одраснувале со македонски хитови,македонските текстови се романтични и реалистични,а мелодиите певливи и емотивни.Кој музичар не би сакал така да звучи?

Кои се твоите актуелни музички ангажмании, што можеме да очекуваме од тебе наскоро, на музички план?

Моментално работам на авторски материјал,кој ќе имате можност да го слушнете во наредната година, а моментално работам и патувам како фронт- woman на крузер.

Да не беше пејачка, Александра ќе се занимаваше со….

Да не бев пеачка, ќе бев фризерка.

 

Би можело да ве интересира

МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ХОЛАНДИЈА СЕ ПРОСТИ СО СВЕТЛАНА МИШЕВА

Пела Редакција

(ВИДЕО) Протектор полисата за животно осигурување -комбинација од штедење и заштита од ризици за себе и најблиските

Пела Редакција

Петар Мирчески: Хемијата ме однесе во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе