16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Во прилепскиот театар се поставува претставата „Аудиција“ во режија на Владимир Милчин

„Аудиција“ од Александар Галин е новата претстава што ја подготвува театарот „Војдан Чернодрински“, а ја режира Владимир Милчин. Ќе биде горчлива комедија, современа, денешна.

Според режисерот Владимир Милчин:Тоа е нашата ситуација – сегашна. Луѓето на било кој начин се обидуваат да избегаат од земјата, за да на некој начин најдат подобри можности за опстанок. При тоа, тоа е некоја очајна ситуација, во која човек тешко може да го брани достоинството и мора да прифати неприфатливи работи.

Во претставата играат актерите Јасмина Мицовска Станкоска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Марија С.Илијески, Наташа Ачански, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Илија Волчески, Михајло Миленкоски, Сара Спиркоски.
Изборот на музиката ќе биде на режисерот, за сценографијата е задолжен Крсте Џидров, а за костимите Марија Пупучевска.

Би можело да ве интересира

Детската градинка ,, Наша иднина”- Прилеп одбележа 55 години постоење

Елизабета Филипоска

Едно лице почина, 16 се новозаболени

Елизабета Филипоска

Уште 2 случаи со Ковид 19 регистрирани во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе