ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (32)

1.351

ПИШУВА: ЗОРАН МОМИРОСКИ 

  • ОПШТИНСКА ОБВРЗНИЦА ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ Е НАЈНОВАТА ГЕНИЈАЛНА ИДЕЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. КАКО ВО НАУЧНО – ФАНТАСТИЧНИОТ ФИЛМ(ОТ) ,,ЅВЕЗДЕНИ ПАТЕКИ“ ОВА НАШЕ НАЈНОВО АВТЕНТИЧНО ПРИЛЕПСКО ОСТВАРУВАЊЕ НАЈВЕРОЈАТНО ПИШУВАНО ВО  ЗАГОРАНИ, Е ТЕМА БРОЈ ЕДЕН ВО ГРАДОВ. МНОГУМИНА ГО КРИТИКУВААТ, НО ЈАС РЕШИВ ДА БИДАМ НА СТРАНАТА ОД ОНИЕ КОИ ГО ПОДДРЖУВААТ,  БИДЕЈЌИ Е НАШЕ ПОСЕБНО И МНОГУ ИНТЕРЕСНО. ПРВО – АКО ЦЕЛОСНО СЕ РЕАЛИЗИРА ТОГАШ НЕ ЗНАМ КОЈ НЕНОРМАЛЕН ЧОВЕК БИ ЗЕЛ ОБВРСКА ПОКРАЈ ТЕКОВНИОТ ВО СЛЕДНИВЕ  ДВА МАНДАТИ ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК?! ПА ТОА НЕКА БИДЕ И ОД ВМРО-ДПМНЕ. СЕ ПОДРАЗБИРА, ОСВЕН АКО НЕ Е НЕКОЈ ОД СВЕТСКИ ПОЗНАТИВЕ МУЛТИМИЛЈАРДЕРИ. 5 МИЛИОНИ ЕВРА СО РОК НА ОТПЛАТА ОД 240.000 ЕВРА ГОДИШНА КАМАТА, А ГЛАВНИОТ ДОЛГ ДА СЕ ВРАТИ КОГА ЌЕ СЕ ПЛАТИ ПОСЛЕДНА 84 РАТА ОД УТВРДЕНАТА КАМАТА. ЗНАЧИ НА 5 МИЛИОНИ ЕВРА ПРИЛЕПЧАНИ ПО 7 ГОДИНИ ТРЕБА ДА ВРАТАТ 6 МИЛИОНИ 680.000 ЕВРА. ВТОРО, СКОРО ПОЛОВИНА ОД ОБВРЗНИЦАТА СЕ ПЛАНИРА ДА БИДАТ ПОТРОШЕНИ ЗА КРУЖЕН ТЕК ,,ТАБАНА“ ИДЕЈА ОД ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ. ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА ИДЕЈА ОТФЛЕНА ПОРАДИ СКАП И НЕИСПЛАТЛИВ-ЕКОНОМСКО НЕОПРАВДАН  ЗАФАТ ОД ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ, АМА ЕТЕ ВОЗОБНОВЕНА ОД НЕГОВИОТ УЧЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. ЕВЕ УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ДЕКА УЧЕНИКОТ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОДОБАР ОД ПРОФЕСОРОТ. А ВОЕДНО И МОЈ КОМЕНТАР НА ЕДЕН ФБ ПОСТ ОД ЕДНА НАША ПОЗНАТА ГОСПОЃА КОЈА ПОВИКУВАЈЌИ СЕ НА ВРЕМЕТО КОГА СТУДИРАЛ МАХАТМА ГАНДИ ТВРДЕШЕ ДЕКА БЕЛОТО НЕ Е БЕЛО, А ЦРНОТО НЕ Е ЦРНО. НО ТОА СЕ ЛИЧНИ СТАВОВИ КОИ НЕМАМ НАМЕРА ДА ГИ КОМЕНТИРАМ, БИДЕЈЌИ СПОРЕД МЕНЕ СЕ ПИШУВААТ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ, А НЕ СПОРЕД РЕАЛНОСТА. НАШАТА СЕГАШНА РЕАЛНОСТ Е ПРИЛЕПСКИОТ ФИЛМ ,,ЅВЕЗДЕНИ ПАТЕКИ“. ЗНАЧИ КРУЖЕН ТЕК, УРЕДУВАЊЕ НА ВЛЕЗОТ ОД М.БРОД, ПРОБИВАЊЕ И ОФОРМУВАЊЕ НА УЛИЦАТА ,,ПОБЕДА“ ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ НА СИТЕ ЈП И УЧИЛИШТА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ОПШТИНАТА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИ, И ТРЕТО ЗА МЕНЕ НАЈВАЖНО, АКО НЕ СЕ УСПЕЕ СО ОПШТИНСКАТА ОБВРЗНИЦА ТОГАШ ЗА ПРЕСПИЕНИОТ ,,ИКЕБАНА“ МАНДАТ ВИНОВЕН ЌЕ БИДЕ ДРУГ, А НЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. ИСКРЕНО МИСЛАМ  ЕПТЕН ЈАКА ФОРА АЛАЛ ДА МУ Е НА БОКИО. ИДЕЈАВА МУ Е ИНСПИРИРАНА ОД ОНАА НАРОДНАТА: КАКО И ДА СЕ СВРТИ ЧОВЕК, ДУПЕТО МУ Е ОД ПОЗАДИ. АМА СЕПАК СУМ НА МИСЛЕЊЕ ДЕКА ТРЕБАШЕ ДА ГО ИМАТЕ НА УМ СТАВОТ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ. КОЛКУ ЗНАМ ТОЈ ВИ СУГЕРИРАШЕ ЗА ВАКВИ ГОЛЕМИ ЗАДОЛЖЕНИЈА ЗА ВАКВИ ,,ГРАНДИОЗНИ“ ЗАФАТИ ДА СЕ НАПРАВИ РЕФЕРЕНДУМ НА КОЈ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ  ГЛАС И МИСЛЕЊЕ И ЗА ЗАДОЛЖЕНИЈАТА И ЗА КАПИТАЛНИТЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ЗАФАТИ И ЗА КРЕДИБИЛИТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ. А НИЕ КАКО ПРИЛЕП ГИ ИМАВМЕ И ЗА РЕГИОНАЛНИОТ ВОДОВОД  СТУДЕНЧИЦА, ПА ЗА ГРАДСКАТА БОЛНИЦА…

 

  • КОГА СУМ КАЈ ОПШТИНСКАВА ОБВРЗНИЦА ОВИЕ ОД ОО НА СДСМ ЕПТЕН МИ СЕ СМЕШНИ. ЦЕЛА ЗИМА ГИ НЕМА. КУТРИВЕ, СЕ НАПИКАНИ ВО ДУПКА БЕЗ ПУПКА. КОГА – ОПА НА ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА ЦАКИО ТИ РЕШИЛ ДА ОБЈАВИ ЕДЕН ФБ ПОСТ ДЕКА ЛОКАЛНАВА ВАСТ ЌЕ ГО ЗАДОЛЖУВАЛА ГРАДОТ ОДНОСНО ГРАЃАНИТЕ СО  ОПШТИНСКА ОБВРЗНИЦА ОД 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА. МОРЕ ЦАКИ – ЦАКАНЧЕ И ТОЈ ПОСТ СО КОЈ САКАШ ДА ПОКАЖЕШ ДЕКА, ЕВЕ, ДЕМЕК СИ ТУКА И НЕШТО РАБОТИШ НЕ ТИ Е ТОЧЕН. АБЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛИЕ ТЕ ПРЕФЛИЈА ВО УЈП И ПАК СО МАТЕМАТИКАВА ЈА УТНУВАШ МАТЕМАТИКАТА. ЗАДОЛЖУВАЊАТА НЕ СЕ 5,5 МИЛИОНИ ТУКУ 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА. ВМРО-ДПМНЕ ИДЕЈАВА ЈА ПРЕТОЧУВА ВО ОДЛУКА, ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ – ПРИЛЕП  СЕГА НАЈДЕ КАКО КОКИЧИЊАВА ДА СЕ ПОЈАВИ И ТОА  ОД НИКАДЕ НИГДЕ. ПРИТОА, КАКО МНОГУ ЗАГРИЖЕН  ПРЕДУПРЕДУВА ДА КУКА И ДА ПЛУКА. АБЕ ИЛИ ЗЕМЕТЕ ГИ РАБОТЕТЕ ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ ИЛИ ОДЕТЕ СИ. ОТИ И ВРЕМЕТО И МЕТОДИТЕ КОИ ГИ КОРИСТИТЕ СЕ ЗА ВО ОТПАД. ДОСТА ГЛЕДАТЕ САМО ЗА ВАШИ ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ !

 

  • И ИГОР ГУЛАБОСКИ ДИРЕКТОРОТ НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА, ЈАС ГО ВИКАМ ПЛАЧКОТО, ЕПТЕН ЈАКО ЧОВЕЧЕ. МЕНАЏЕР ШТО БИ РЕКОЛ НАРОДОТ СО ДВЕ РАЛА ЈАЈЦА. ВЛЕГУВА ВО ИСТОРИЈАТА НА ПРИЛЕПСКИ ВОДОВОД ЗА ПРВ ПАТ КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА ЗА ВРЕМЕ НА НЕГОВО ДИРЕКТОРУВАЊЕ ПРЕТПРИЈАТИЕТО ЗА 2022 ГОДИНА ПОКАЖА ЗАГУБА ОД 140.000 ЕВРА. ВОДОВОД КОЈ ПРОДАВА ВОДА КОЈА НА ПЛАНЕТАВА ЗЕМЈА СТАНУВА ПОСКАПА И ОД ЦРНОТО ЗЛАТО, МИНАТАТА ГОДИНА ЈА ЗАВРШИ СО ЗАГУБА. СО ОБЕМ НА РАБОТА МНОГУ ПОМАЛ ОД ПРЕТХОДНАТА 2021 ГОДИНА. ВО ЕДНО ОД ОВИЕ МОИ КОЛУМНИ МУ БЕВ ПОРАЧАЛ ДЕКА ВОДОВОД НЕ Е ПЕЧУРКАРА. АМА, ГУЛАПЧЕВО НАМЕСТО ДА СЕ ПОДЗАМИСЛИ СЕ МИ СЕ ЧИНИ ДЕКА СЕ ПОДЛУТУВАШЕ. И, ПОДЛЕПУВАШЕ РЕКЕТАРСКИ ЕТИКЕТИ, ОТИ НЕ САКАШЕ НИ СИЛНИОТ ВЕТЕР ДА МУ ГО ПОНАСТРАНИ ЧАДОТ ОД ДОМАШНИОТ ОЏАК. И, СЕГА ЗАМИСЛЕТЕ, ГУЛАБОВ НЕ Е ВИНОВЕН, НЕГОВОТО МЕНАЏИРАЊЕ ТИ БИЛО ЕПТЕН ЈАКО ВО ЕВРОПСКИ СТИЛ. ЈАС ПАК ВЕЛАМ: НЕ ДАЈ БОЖЕ ДА СЕ РАКОВОДИ ВО ЈКП КОИ СЕ ЗАНИМАВААТ СО ОВАА ДЕЈНОСТ И ТОА ВО НЕКОЈА ОД ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ. АМА ЗА ГУЛАПЧЕТО  ЗА ОВАА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ТИ БИЛА ВИНОВНА ЕКОНОМСКАТА И ФИНАНСИСКАТА КРИЗА. И, АКО ИМА СУБВЕНЦИОНИРАНА, СЕПАК СТРУЈАТА БИЛА МНОГУ СКАПА, А ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА ИЗГОР. ПО СЕ’ ИЗГЛЕДА НА КРАЈ ЌЕ ИСПАДНЕ ДЕКА ЗАГУБАТА ПРОИЗЛЕГУВА И ОД ЦЕНАТА НА ВОДАТА. АБЕ НЕЛИ ЗА ВРЕМЕ НА ДИРЕКТОРУВАЊЕТО НА ЕМИЛ ЈАНЕСКИ ЦЕНАТА БЕШЕ БАСНОСЛОВНА. НЕМАШЕ ДЕН ТОА ДА НЕ МУ СЕ ,,ТРУБИ“ НА НАРОДОВ. А ИЗБОРНО ВЕТУВАВТЕ НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ВОДАТА, СО ТОА И НА СМЕТКИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ. ПРВО ВИ Е: ВО ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА НЕ ПЛАНИРАВТЕ ВАКВА СВЕТСКА ЕКОНОМСКА КРИЗА. НЕЛИ ПОСЛЕ СЕКОЈА СВЕТСКА ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ДОАЃА И ЕКОНОМСКА И ФИНАНСИСКА. ПА, НЕЛИ СИТЕ ВИСОКО ЕКСПЕРТСКИ СВЕТСКИ АНАЛИЗИ УКАЖУВААТ ДЕКА ОВАА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОТЕШКА ОД ПРЕТХОДНАТА. ДОГОДИНА, ПАК, ЌЕ ВЕЛИТЕ НЕ ЗНАЕВМЕ.!?! ИЛИ ПАК НЕ ЗНАЕТЕ ДЕКА НА ВАША СМЕТКА  ДЕНОВИВЕ ПАК ВО ПРЕТПРИЈАТИЕТО  СЕ ПРАВЕЛО МАЈТАП. ПА ТАКА НА НЕКОЈ КОЈ ЌЕ ПОБАРАЛ ПАРИ ЗА ТЕКОВНО РАБОТЕЊЕ ДРУГИТЕ НА ШЕГА МУ СУГЕРИРАЛЕ  ДА НЕ БАРА ПАРИ ОТИ ПРЕТПРИЈАТИЕТО НАВОДНО НА РАСПОЛАГАЊЕ ЕДВАЈ ТИ ИМАЛО 2000 ДЕНАРИ. ОД ФИРМА КОЈА СО ДЕЦЕНИИ БИЛА ПРИМЕР ЗА СТАБИЛНОСТ, ПА ДУРИ КОГА ТРЕБАЛО И СИЛНА ПОТКРЕПА НА ОПШТИНАТА, СТАНА ТОП ФИРМА НА КОЈА ПО РЕДОТ НА НЕШТАТА ДА И’ ПОМАГА ОПШТИНАТА. НЕ ЗНАМ  ШТО ТОЛКУ МУ ЈА МИСЛИТЕ?! ОПНЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ ЗА 20% ПОВЕЌЕ И ГОТОВО ! ПРОБЛЕМОТ ВИ Е РЕШЕН. БИДЕЈЌИ ПРИЗНАЛЕ ИЛИ НЕ ТОА ВИ Е КРАЈНА ЦЕЛ.

 

  • ИМА УШТЕ ЕДНО ЗА ПРВПАТ. СИТЕ ЈКП ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СО ЗАВРШНИТЕ СМЕТКИ ЗА 2022 ГОДИНА ИМААТ ЗАГУБА ОСВЕН ЈП ЗА ПУП. ОВА ПРЕТПРИЈАТИЕ ЛАНСКАТА ГОДИНА ЈА ЗАВРШИ СО ПОЗИТИВНО САЛДО НА СМЕТКАТА ОД 50.000 ЕВРА. ЛАНИ ГИ ПЛАТИ СИТЕ ОБВРСКИ. ГО РЕКОНСТУРУИРА И  СЕ ПРЕСЕЛИ ОБЈЕКТОТ,,СТАРО ШУМСКО“. И ЈА НАПУШТИ ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ЗА ДА МУ ОВОЗМОЖИ ПОЛЕСНО ДА ДИШИ  НА АДМИНИСТРАТИВНАТА ВОЈСКА ОД МАЦИО, ОД МУЦЕТО И ОД БОКИ. ПОКРАЈ ОВА, ПОКРЕНА ПОСТАПКА ЗА АВТО БАЗА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ВОЗНИОТ ПАРК. Е СЕГА САКАМ ДА ГИ ПРАШАМ ДРУГИВЕ МНОГУ СИЛНИ МЕНАЏЕРИ: ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ЗА ПУП ЗОРАН ЈОВЕСКИ ЛАНСКАТА ГОДИНА НЕ БЕШЕ ФИНАНСИСКА И ЕКОНОМСКА ТЕШКА?! ИЛИ СПИН АВТОБУСИТЕ КОИ СЕ КУПЕНИ ВО ВРЕМЕ НА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ НАМЕСТО НА МЕТАН ВОЗЕА НА ВЕТАР?! АМА, ЈОВЕСКИ Е ЕКОНОМИСТ И ОДЛИЧНО СИ ГО ПОЗНАВА ЗАНАЕТОТ. КАЈ НЕГО ДВА ПЛУС ДВА СЕ ЧЕТИРИ ВО ИНТЕРЕС НА ФИРМАТА, А НЕ НА ЏЕБОТ. Е ЗАТОА  ТАКВИТЕ КАКО НЕГО И ВО ВМРО-ДПМНЕ И ВО СДСМ ЌЕ БИДАТ МАРГИНАЛИЗИРАНИ. ЌЕ СЕДАТ ВО ЌОШ И ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАДОВОЛЕНИ СО ФУНКЦИЈА КОЈА Е ВИСТИНСКА ИГРАЧКА ЗА НЕГОВИОТ ОБРАЗОВЕН СТРУЧЕН И ЧОВЕЧКИ КАПАЦИТЕТ. ТОЈ НЕМА ВРЕМЕ ДА СЕ ,,ШПАЦИРА“ И ДА СЕ СЛИКА СО ИЗБРАНИВЕ И СО ИКЕБАНИ И БУКЕТИ ЦВЕЌИЊА. ЗАТОА НАРОДОТ ВЕЛИ: И ПОПОТ И ОЏАТА СЕ СВЕШТЕНИ ЛИЦА. АМА ПОПОТ НЕ МОЖЕ ДА СЛУЖИ ВО ЏАМИЈА, А ОЏАТА НЕ МОЖЕ ДА СЛУЖИ ВО ЦРКВА. ДЕКА ОВА Е ТАКА ГО ПОТВРДУВА И ФАКТОТ ШТО НА ВЧЕРАШНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ДЕЛ ОД ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ОД ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА РАБОТАТА ЗА 2022 НЕ  БЕА ТЕМА НА РАСПРАВА НА СЕДНИЦАТА,  ОФИЦИЈАЛНО ПОРАДИ ОТСУСТВО НА ЕДЕН СОВЕТНИК ОД ВМРО ДПМНЕ. НЕОФИЦИЈАЛНО ТОЈ Е БЛИЗОК НА БОКИО И МНОГУ МУ БИЛ ЛУТ ОТИ НЕГОВАТА ФИРМА НЕ ДОБИЛА НИТУ ЕДЕН ТЕНДЕР. НАВОДНО УСЛОВОТ Е ИЛИ ТЕНДЕР ИЛИ НЕМА НЕГОВА ПОДДРШКА ВО РАБОТАТА НА СОВЕТОТ.

 

  • НЕОФИЦИЈАЛНО НАСТАВНИК ОД ПРИЛЕП КОЈ ПРЕДАВА ВО ЕДНО ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА ДОЛНЕНИ  ДИЛАЛ ДРОГА И ПРИЛЕПСКАВА КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ФАТИЛА ВО СРЕДАТА. СООПШТИ ПОЛИЦИЈАТА. ПА, СРЕДА Е ПАЗАРЕН ДЕН, ТОГАШ СЕ КУПУВА И ПРОДАВА, СЕ’ И СЕШТО, ПА ЕВЕ И ДРОГА. И, ОВА ПОЛИЦАЈЦИВЕ ТИ ГО ,,НАПРАВИЛЕ“ ЗА ИНАЕТ НА СКОПЈАНИТЕ. ВО СКОПЈЕ НАСТАВНИЧКАТА ПРОДАВАЛА АМФЕТАМИНИ ОВОЈ НАШИОВ ПОЈАКА. И, СКОПСКАТА НАСТАВНИЧКА НАДВОР ОД РАБОТНОТО МЕСТО, А ИСТО И ОВОЈ НАШИОВ. НА ВРЕМЕТО КОГА УЧЕВ ОСНОВНО, ПА И ГЕНЕРАЦИИ ПО МЕНЕ, НАСТАВНИЦИТЕ БИТКА ВОДЕА ЗА СИТНА ПРОВИЗИЈА КОЈ ПОВЕЌЕ МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ,,ШИТНЕ“ ДРУГАРЧЕ ИЛИ РАЗВИГОРЧЕ. СЕГА ИЗЛЕГУВА ДЕКА СЕРИОЗНА БИТКА СЕ ВОДИ КОЈ ПОВЕЌЕ И ПОЈАКА ДРОГА ЌЕ ИЗДИЛА. ПРОВИЗИИТЕ ОД ЕКСКУРЗИИ ОД СЕМИНАРИ ЗА СКИЈАЊЕ, ЗА СПОРТСКА ГИМНАСТИКА ИЛИ ДРУГ СПОРТ СЕ НЕИСПЛАТЛИВА ОБВРСКА. НАЈЛЕСНА И НАЈБРЗА  Е СО ДРОГАВА. СЕГА КЛУЧНИ СЕ ДВЕ ПРАШАЊА: ДАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ САМО ОВИЕ ДВАЈЦА НАСТАВНИЦИ?!? И ВТОРО: ОВИЕ НАШИВЕ ДЕЦА-УЧЕНИЦИ  НЕВИНИ СУШТЕСТВА САМО ШТО ЗАЧЕКОРИЛЕ ВО ЖИВОТОТ, СЕ ПРАШАЛ НЕКОЈ ВО ЧИИ РАЦЕ СЕ НАОЃААТ ДОДЕКА СЕ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ?!? ИЛИ НЕ !!! ЕДНО ВРЕМЕ РОДИТЕЛИТЕ МУ ВЕЛЕА НА УЧИТЕЛИТЕ: ДАСКАЛЕ, ДЕТЕВО МЕСО ТИ ГО ДАВАМ – АМА САКАМ ЧОВЕК ДА МИ ГО ВРАТИШ!!! А ДЕНЕС ??? ЗА ЖАЛ, ДОЈДЕНО Е ВРЕМЕТО, А МОЖЕБИ И ЗАМИНАТО!!! ВИЕ ОД ПОЛИТИЧКИВЕ ПАРТИИ ДА ПРЕКИНЕТЕ ШТАПСКО ПАРТИСКИ ПО ЗАСЛУГИ ДА ПИКАТЕ, ПА ДА ВАДИТЕ НАСТАВНИЧКИ КАДАР. НЕКА НЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА КОЈ ДИРЕКТОР НА КОЈА ПАРТИЈА И ПРИПАЃА. ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА ШТО НАПРАВИЛ ТОЈ ДИРЕКТОР ЗА ОБРАЗОВНАТА ИНСТИТУЦИЈА НА КОЈА И ПРИПАЃА. КОЈ, КАКВИ РЕЗУЛТАТИ ПОКАЖАЛ ПРЕКУ НАСТАВНИЦИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ НА ОПШТИНСКИ, ДРЖАВНИ, ПА И НА МЕЃУНАРОДНИ НАТРЕВАРИ. ТРГНЕТЕ ГИ РАЦЕТЕ ОД ОБРАЗОВАНИЕТО ОД МЕДИЦИНАТА И АДМИНИСТРАЦИЈАТА. ОТИ СО ВАКВА ПРАКТИКА СЕ ДОВЕДУВА ПРАШАЊЕТО ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТА И  ОПСТАНОКОТ НА НАЦИЈАТА! А НАРОДОТ ЗАГРИЖЕН ОД ОВОЈ ВЕЌЕ НЕПОДНОСЛИВ АМБИЕНТ СЕ ПОВЕЌЕ ЌЕ ИССЕЛУВА ОД ЗЕМЈАВА И ЌЕ БАРА АДЕКВАТНО РЕШЕНИЕ ЗА  СВОИТЕ ДЕЦА. А ПОЛИЦИЈАТА СЕ ПОФАЛИ: ЗА ДВА МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАВА СВР БИТОЛА УАПСИЛА 62 ДИЛЕРИ.40 ОД БИТОЛА И 22 ОД ПРИЛЕП.

 

  • МИЛЕ ТАЛЕСКИ ПРАТЕНИК ОД СДСМ  СО СЕРИОЗЕН СТАВ. ДА ГО СЛУШАШ И ДА ГО ГЛЕДАШ  СТРАВ ДА ТЕ ФАТИ. ГО ГЛЕДАМ И СИ ПОСТАВУВАМ САМ СЕБЕ ПРАШАЊЕ: ПРЕД ДА СЕ ,,ИЗВЕШТЕРИ“ КАКО ПОЛИТИЧАР И ПРАТЕНИК КОЛКУ ПАТИ НА ЛЕНТА ГО ИМА ГЛЕДАНО И ПРЕД ОГЛЕДАЛО ГО ВЕЖБАЛ  СТИЛОТ И ГЕСТИКУЛАЦИИТЕ СЛИЧНИ КАКО ОНИЕ ОД ГОРАН СУГАРЕСКИ?!  НЕ МНОГУ ОДАМНА, МИЛЕ УБЕДУВА ДЕКА СЕ НУЖНИ СУДСКИ РЕФОРМИ И ДЕКА ТИЕ БРЗО ЌЕ СЕ СЛУЧАТ. ОТИ БАРАЛЕ ЕУ И НАШИОТ СТРЕТЕШКИ ПАРТНЕР.  ГО СЛУШАМ И СИ ВЕЛАМ: АМАН БРЕ ДОСТА КАКО ПАПАГАЛИ ПОВТОРУВАТЕ ЕДНО ИСТО ПА ИСТО! А, ЖИВЕЕШ ВО ПРИЛЕП И ИЛИ ПРЕМОЛЧУВАШ ИЛИ НЕ ЗНАЕШ ЕДНА НАЈОБИЧНА АНАЛИЗА ДА НАПРАВИШ. СЕГА ВО ОПШТИНСКИОТ СУД ИМА 4 СУДИИ. ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО РАБОТАТ 2 ОБВИНИТЕЛИ, А ВО ГРАДОТ ИМА 96 АДВОКАТИ. А, НЕ МНОГУ ОДАМНА  КОГА ИМАШЕ НЕКАКОВ, КАКОВ, ТАКОВ РЕД ВО ОВОЈ НАШ НАПАТЕН СУДСКИ СИСТЕМ ВО СУДОТ РАБОТЕА 27 СУДИИ. ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИМАШЕ 7 ОБВИНИТЕЛИ И ЗАМЕНИЦИ ОБВИНИТЕЛИ И 8 АДВОКАТИ. СУДИИТЕ ИМАА НОРМА ДА РЕШАТ 20 ПРЕДМЕТИ МЕСЕЧНО ДОКОЛКУ СЕ ИСПОЛНЕТИ УСЛОВИ ЗА ПРАВОСУДСКА СУДСКА ОДЛУКА. Е, СЕГА ГО ПРАШУВАМ ЈАВНО МИКИОВ : ЗА КОИ РЕФОРМИ ЗБОРУВАТЕ, ЗА КОИ ЗАЛОЖБИ ЗА ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ И ЗА  БЛАГОВРЕМЕНО ПОКРЕВАЊЕ НА ОБВИНИТЕЛЕН АКТ ?!?

  

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: