ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започнува превентивна дератизација на прилепската канализација и депонијата Алинци

188

Во периодот од 27 ми март 2023 до 21 април 2023 ЈЗУ Центарот за Јавно Здравје – Прилеп ќе ја спроведува пролетната превентивна систематска дератизација. Дератизацијата ќе се изведува со користење на отровни мамци, а ќе се третираат подземниот канализационен систем во градот и градската депонија Алинци. Дератизацијата ќе се изведува со користење на отровни мамци (родентициди).

 „Со цел успешно спроведување на дератизација, како и да се избегнат евентуалните несакани последици граѓаните треба да ги преземат следните мерки: 

  • Во текот на спроведувањето на дератизација да се оневозможи присп на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес. 
  • Строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамци. 
  • Да се оневожможи контакт на домашните животни со родентицидните мамци.

Доколку граѓаните не се придржуваат на мерките ЦЈЗ -Прилеп се оградуваат од секаква одговорност при појава на несакани последици,“ стои во соопштението од ЈЗУ Центарот за Јавно Здравје – Прилеп.  

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: