4.2 C
Прилеп
четврток, 21 ноември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (53)

Пишува Зоран Момироски

  • ПОСТОЈАТ ЛУЃЕ КОИ ЕДНОСТАВНО НЕ МОЖАТ ДА ЖИВЕАТ БЕЗ ФУНКЦИЈА И БЕЗ МНОГУ ПАРИ. ОСОБЕНО АКО ГО  НЕМААТ ОНА ПРВОТО-  ФУНКЦИЈА  ЕДНОСТАВНО ЗАПАЃААТ ВО ТЕШКА  ДЕПРЕСИЈА  КОЈА ЗА ЖАЛ  Е МОЖНО СЕРИОЗНО ДА СЕ ОДРАЗИ ВРЗ НИВНОТО ЗДРАВЈЕ. ЗАТОА БАРААТ  НЕКАКОВ ИЗЛЕЗ. МОЛАТ, КОЛЕНИЧАТ, КОНКУРИРААТ И СЕ ОБИДУВААТ ДА ДОЈДАТ  ДО УТЕШНА ПОЗИЦИЈА. ПОРТАЛИ ВЕЌЕ ИНФОРМИРААТ ДЕКА ЕКС ПРАТЕНИКОТ, ПА ЕКС МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ, ПА ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНА И КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРИЛЕП ГОРАН СУГАРЕСКИ Е МЕЃУ ПРИЈАВЕНИТЕ 35 КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ  ВО УПРАВНА ПОСТАПКА ОД РАБОТЕН ОДНОС ВО ВТОР СТЕПЕН. ОВАА КОМИСИЈА ТИ БИЛА СОСТАВЕНА ОД 11 ЧЛЕНОВИ, А ЗА ЧЕТИРИ ГОДИШЕН  МАНДАТ  СЕКОЈ ЧЛЕН КАКО НАГРАДА БИ ДОБИЛ ПО ОКОЛУ 110.000 ЕВРА. ВЕСТА МНОГУ НЕ МЕ ИЗНЕНАДИ ЗНАЕЈЌИ ГИ ПОТРЕБИТЕ И АМБИЦИИТЕ НА СУГАРЕСКИ. АМА МЕ ИЗНЕНАДУВА ФАКТОТ  ШТО ЗА ВАКОВ КАЛИБАР НА ЛУЃЕ КАКО СУГАРЕСКИ  СДСМ СИ ГО ТРЕТИРААТ  КАКО  АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО  КОЕ Е ФОРМИРАНО И СИ ОПСТОЈУВА САМО ЗА НИВ. ДОБРЕ БЕ ЛУЃЕ ИМАТЕ ИСАВ?! ЗНАЕТЕ ЗА ДОСТА ИЛИ ВООПШТО ЗА НИШТО ОСВЕН ЗА ЛИЧНОТО АМА БАШ – НЕ ВИ ПУКА!

 

  • КОЈ ВЕЛИ ДЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ НЕ Е ЧОВЕК НА МЕСТО. НАВИСТИНА НЕ МОЖЕ ДА ГО РЕПИ ПРОБЛЕМОТ СО УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ. МОЖЕ НЕ МОЖИ ДА ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО МОНТАЖНАТА ГАРАЖА ПОЗАДИ  УЈП. МОЖИ НЕ МОЖЕ ДА ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО УДАРНИТЕ ДУПКИ ПО УЛИЦИТЕ ВО ГРАДОТ. МОЖИ НЕ МОЖЕ ДА ПОСТИГНЕ НИ 10 ОТСТО ОД ОНА ШТО ГО СРАБОТИ  НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК И МЕНТОР ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ-МУЦЕТО, А ЗА ТОА ШТО ГО НАПРАВИ МАРЈАН РИСТЕСКИ ДА НЕ СПОМЕНУВАМ. ДВАЈЦАТА ПО ДВА МАНДАТИ  ДА ИСТЕРААТ НЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ГО ОДРЖАТ НАПРАВЕНОТО ОД МАЦИО. А НЕ ДА ИСКРЕИРААТ  НЕШТО НОВО СОВРЕМЕНО И МОДЕРНО. ЈОВЧЕСКИ ОДЛУЧНО И  БЕЗ КОМПРОМИСНО, МОБИЛИЗИРАЛ СЕ’ ШТО МОЖЕ ОД ПРИЛЕПСКИВЕ  УЧИЛИШТА. КОЈ САКА ОД НАСТАВНИЦИ И УЧЕНИЦИ ДА УЧАТ  КИНЕСКИ. СЕГА  ПРИЛЕПЧАНИ МАЈТАП ПРАВАТ НА ОВАА РАБОТА, ПА ВЕЛАТ ДЕКА ДО ГОДИНА БОКИО ЌЕ ОРГАНИЗИРАЛ И ИЗУЧУВАЊЕ НА ТАЈВАНСКИ ЈАЗИК. ПРВО ЗА ДА МОЖЕМЕ ПОДГОТВЕНИ ПРЕД  ЕВЕНТУЛАН  НАПЛИВ НА РАБОТНИЦИ УБАВО ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ СО КИНЕЗИТЕ. СЕКОЕ ДРУГО МИСЛЕЊЕ ИЛИ СТАВ ПО ОВАА ПРАШАЊЕ Е ГЛУПАВО ЧОВЕК ДА ГО КОМЕНТИРА. НИЕ СИТЕ КАКО МАКЕДОНЦИ СОСЕМА ЌЕ БИДЕМЕ ЗАДОВОЛНИ АКО НАШИТЕ ДЕЦА ИДНИТЕ НАШИ ПОКОЛЕНИЈА  ГО НАУЧАТ ДА ГО КОРИСТАТ  МАКЕДОНСКИОТ  ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК- ВЕЛАТ  ДОБРО  УПАТЕНИ  И ОДЛИЧНИ ПОЗНАВАЧИ НА ПРИЛИКИТЕ ВО ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ.

 

  • ОВИЕ ПАК ОД СДСМ ГИ СЛУШАМ ПРЕКУ ИЗЈАВА ОД ЕКС ДИРЕКТОРКАТА  НА О.У.КИРЕ ГАВРИЛОСКИ ОПНАЛЕ ДА ЈА КРИТИКУВААТ КАДРОВСКАТА ПОЛИТИКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КАКО БОКИО НЕ ЗАКОНСКИ  СМЕНИЛ УСПЕШНИ ДИРЕКТОРИ ВО УЧИЛИШТА ИНАКУ КАДРИ НА СДСМ. ПРВО МАЛКУ ПОВЕЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИВ КАКО ОВИЕ СЕГАШНИ ЧЕЛНИЦИ НА СДСМ ДОЗВОЛИЛЕ ДА СЕ ДАВААТ ТАКВИ  ИЗЈАВИ  КОИ НЕ СЕ СОВПАЃААТ  СО ЗАЕДНИЧКИОТ ДИЛ СО ПРИЛЕПСКИТЕ ЧЕЛНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ. ВТОРО И НАЈЗНАЧАЈНО – АКО Е НЕЗАКОНСКА ВАКВАТА ПОСТАПКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ЗОШТО КАКО ПАРТИЈА НЕ ПОКРЕНАВТЕ ПОСТАПКА, НЕ ПОДНЕСОВТЕ КРИВИЧНА,  ТУКУ, ДО СЕГА МОЛЧЕВТЕ?! МНОГУ МУДРО СИ  МОЛЧИТЕ ЕВЕ  ДВЕ ГОДИНИ. ОД ЗАВРШУВАЊЕТО НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗВОРИ ДО СЕГА  НИ ДА ГУГНИТЕ, НИ ДА МУКНИТЕ. КАЖЕТЕ ОД КОГО ВИ Е СТРАВ?! КАЖЕТЕ ЈАВНО КОЈ ГО ЗАМОЛЧУВА ГЛАСОТ И НЕЗАДОВОЛСТВОТО НА ЧЛЕНСТВОТО НА СДСМ, АМА И ОД ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД ДОСЕГАШНОТО ( НЕ ) ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА НОВАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ. ТИЕ ШТО ГО ИМААТ  ТОЈ АРАМИСКО ХОШТАПЛЕРСКИ  МЕЃУПАРТИСКИ  ДИЛ?!? АКО СЕ ТИЕ, СТИСНЕТЕ ЗАБИ И КАЖЕТЕ  И ТИЕ ИМААТ И  ИМЕ И ПРЕЗИМЕ?!? ИЛИ МОЖЕБИ СЕ БЕЗИМЕНИ!!!

 

  • ИЗБЕГНАТ  ГОЛЕМ ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ПРИЛЕПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ. ИНТЕРВЕНИРАЛА ПОЛИЦИЈАТА И СПРЕЧИЛА МЕЃУСЕБНА ТЕПЕЧКА. ОВА КАКО ПОСЛЕДИЦА НА НЕКОЈ ,,НЕДОКВАКАН“ КОЈ НАЈВЕРОЈАТНО ТИВКО НАРЕДИЛ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ КОИ ПРОТЕСТИРААТ  И БАРААТ ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ОД 3.500 ДЕНАРИ – МЕСТО ВО АВТОБУСИТЕ ДА НЕМА!!!  ПРИТОА, ПРЕЌУТНО ТИЕ ТРИЕСЕТИНА НЕМИРКОВЦИ ДА БИДАТ ПРОГЛАСЕНИ  ЗА ПЕРСОНИ НОН ГРАТА. И  ВО ШЕСТТЕ АВТОБУСИ ШТО ГИ ОБЕЗБЕДИЛ  ПРИЛЕПСКИОТ СОЈУЗ   ЗА ПРОСЛАВА – СВЕТСКИ ДЕН НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СКОПЈЕ  ДА НЕ СМЕАТ ДА ВЛЕЗАТ И АКО ТРЕБА И НА СИЛА  ДА БИДАТ ОТСТРАНЕТИ. ОВА СЕКАКО ПРЕДИЗВИКАЛО РЕВОЛТ. НАСТРАНА ОД ОВОЈ СТРАМЕН ИНЦИДЕНТОТ И ПОДЕЛБИТЕ САКАМ ДА ПРАШАМ : ОВИЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ СЕГА ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ЧЛЕНОВИ НА СОЈУЗОТ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ?!? ИЛИ СЕ, АМА ПОНАСТРАНА ОД АКТУЕЛНАТА  РАКОВОДНА СТРУКТУРА И ОД БЕНЕФИТИТЕ ШТО ГИ КОРИСТАТ ОВИЕ МИРНИВЕ ,,ПОСЛУШНИВЕ“ ПЕНЗИОНЕРИ?!? НЕЛИ СО УСТАВ И ЗАКОН Е ГАРАНТИРАНА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ НА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ ИЛИ ГРУПА. НЕЛИ ТОА СЕ ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ!!! НА КРАЈ НЕЛИ СИТЕ СТЕ ВОЗРАСНИ  И ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕ  УТРЕ КАКО ГРАЃАНИ ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ СРЕТНИТЕ, ЕДНО ДОБАР ДЕН ДА СИ РЕЧИТЕ?! ДА НЕ Е СЕТО ОВА ТРАГИЧНО ЌЕ БИДЕ МНОГУ КОМИЧНО. НЕЗНАМ УШТЕ ПО КОИ ОСНОВИ ЌЕ ТРЕБА ОВОЈ НАШ МАКЕДОНСКИ НАРОД МЕЃУ СЕБЕ  ДА СЕ ДЕЛИ. И КАКОВ СОВЕТ ЌЕ ИМ ДЕЛИМЕ НА НАШИТЕ ДЕЦА И НА НАШИТЕ ВНУЦИ.

 

  • ДОДЕКА ГОРЕШЕ ОД ПАТРИОТИЗАМ ПЛОШТАДОТ МЕТОДИЈА АНДОНОВ  ЧЕНТО  ОД ПАТРИТСКИ ПЕСНИ  ПРЕЗЕНТИРАНИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРИОТСКИОТ КАРАВАН ,,МАКЕДОНИЈО ВО СРЦЕ ТЕ НОСИМЕ“ ОРГАНИЗИРАН ОД ВМРО-ДПМНЕ, ГОРЕШЕ АМА ЕПТЕН МНОГУ  ГОРЕШЕ И ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА. НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНСКИ ПЕЈАЧИ ЈА ЗАПАЛИЈА АТМОСФЕРАТА,  ДРУГИ ПАК ЈА ЗАПАЛИЈА ДЕПОНИЈАТА СО СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ЗАГАДУВАЊЕ НА СРЕДИНАТА, НО И СО СЕРИОЗНА МОЖНОСТ ПОЖАРОТ  ДА СЕ ПРОШИРИ ПО ПЕЛАГОНИСКАТА РАМНИНА. КАКО ВЕТРОТ  ПОМАГАШЕ  ДА СЕ РАЗВИОРАТ ПАТРИОТСКИТЕ ЗНАМИЊА, ТАКА ТОЈ ИСТ ВЕТЕР ПОМАГАШЕ ДА СЕ РАСПЛАМТИ ОГНОТ НА ДЕПОНИЈАТА. АМА СПОРЕД  СНИМКИ ОД РЕКРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР ВЕШТАЧКО ЕЗЕРО И ДА СЕ УНИШТИ СЕ’ ШТО Е ВО ИНТЕРЕС НА ДЕЦАТА НА МЛАДИТЕ И НА ГРАЃАНИТЕ. ГИ ГЛЕДАМ СНИМКИТЕ  ОД ОВОЈ ЦЕНТАР ИЗГРАДЕН СО ПАРИ ОД ЕУ, И КАКО СЕКОЈ ЗАГРИЖЕН ГРАЃАНИН СИ ГО ПОСТАВУВАМ ПРАШАЊЕТО – ЗА КОЈ НАРОД И ЗА КАКВА КУЛТУРА СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ  ОД  ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ ВО ОВИЕ  ЗЕМЈИ  ЧЛЕНКИ  ВО ЕУ?! КОГА БЕШЕ ИЗГРАДЕН И СО ГОЛЕМИ ,,ПЕПЕНИРАЊА“ ОЗНАЧЕН ПОЧЕТОКОТ ЗА  УПОТРЕБА НА ОВОЈ РЕКРЕТИВЕН ЦЕНТАР ТОГАШНАТА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ВЕТУВАШЕ ЧУВАРСКА СЛУЖБА, ВИДЕО НАДЗОР И РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ  НА ОБЈЕКТОТ. СЕГАШНАТА КОЈА СТАНУВА МНОГУ ЧУСТВИТЕЛНА НА ОБЈЕКТИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ КРИТИКИ ЦЕЛОСНО КРЕНАЛА РАЦЕ И ОД ОВОЈ ОБЈЕКТ. ИСКРШЕНИ КОРПИ ЗА ОТПАДОЦИ, УНИШТЕНИ РЕКВИЗИТИ. ОД РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР НАПРАВЕН ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК, ОВОЈ НАШ ПАТРИОСКИ И НЕ ПАТРИОСКИ НАРОД УСПЕАЛ  ОКОЛИНАТА ДА ЈА НАПРАВИ  ВО МИНИ ДЕПОНИЈА. ОВИЕ ОД ЈП КОМУНАЛЕЦ ВЕЛАТ ПО НЕШТО И ТОА ПОВРЕМЕНО ПОПРАВААТ И ОПРАВААТ, АМА ЗА ДЕН ДВА. И ПАК СЕГА ПРСТОТ ГО ВПЕРУВААТ ВО ПОЛИЦИЈАТА. КОГА НЕ НИ ОДГОВАРА СМЕ ,,ПОЛИЦИСКА ДРЖАВА“ КОГА НИ ОДГОВАРА – НЕМА ПОЛИЦИЈА. А НЕ ТРЕБА МНОГУ ДА СЕ ЗАЧУВА ОВОЈ КОМЛЕКС. САМО ДА ЗАПОЧНЕШЕ ДА ФУНКЦИОНИРА НЕГОВАТА ЗАШТИТА, КАКО ШТО НАЈАВУВАШЕ  ТОГАШ ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  ОРТОПЕДОТ  ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ДУРИ ДА ГО ПРОДОЛЖЕШЕ СЕГАШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ОРТОПЕДОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ, ЌЕ БЕШЕ ДОБРО.

Би можело да ве интересира

Изложба „Али Фети Окјар – сомислител и соработник на Ататурк“ во ЦК Марко Цепенков

Пела Редакција

Состојба со корона вирусот во општина Прилеп

(ВИДЕО) Прошетка низ Могилата на Непобедените, симболот на непокорот на прилепчани, каде се имињата и посмртните останки на 462 борци од Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе