9.3 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Интервју со Никола Мариноски: „Увозот„ на работна сила е само едно од решенијата за надополнување на недостигот на работници

Новиот Преседател на Регионалната стопанска комора, Никола Мариноски во разговор со Радио Пела во емисијата #РадиоШтоСеГледа се надева дека, во овој предизборен период,  предлозите на прилепските  стопанственици,  за подобр стопански развој, ќе се најдат во програмите на политичките ентитет, и дека тие нема да бидат само декларативни, туку реализирани!

Според Мариноски, приоритет на пелагонските стопанственици е патната инфраструктура , особено планинскиот превој Плетвар, автопатското решение и сообраќајната врска меѓу Прилеп и Скопје, атопатот Прилеп-Битола, но и интензивирањето на соработката со Општината за изработка на нови детални урбанистички планови и нов Генерален урбанистички план, клучен за инвестирање и развој на прилепските компании.

Недостигот на работна сила е еден од догогодиштените клучни проблеми на стопнството  , а токму тој недостаток на квалификуана работна сила веќе доведува до увоз на работници од Блискиот Исток.

„Дали  „увоз“ на работници од странство ќе го надмине проблемот со недостиг на работна сила и овој проблем може да се решава ако газдите „го одврзат кесето“ и со преквалификација и доквалификација на македонските граѓани, се овоможи младите да не се иселуваат,Претседател на Регионалната стопанска комора, Никола Мариноски за овој проблем истакна  :

„До овој момент стопанствениците немаат доволно квалификувана работна сила на домашниот пазар на трудот. Дуалното образование не ги даде посакуваните резултати , исто така, образовните процеси што ги имаме во државава не се адаптирани на барањата на постојното стопанство. Втората причина е дека и воопшто нема ниту неквалификувана работна сила. Значи, нема од каде да ги добиете идните работници за прво да ги преквалификувате, или, доквалификувате. Трета причина е слабата продуктивност на нашите бработени ,а тоа дополнително носи некомпетентност на компаниите, понатаму на европските пазари. Затоа стопанствениците се решаваат да увезат вработени од други држави за да видат во што е причината за некој вработен, на истите работни позиции од друга држава да биде попродуктиовен од нашите работници“ , рече Мариноски. ( 19:12 мин/25:33 од видеото/

Целиот разговор можете да го поледенте ТУКА:

 

Би можело да ве интересира

ТИРЗ Прилеп со комплетирана инфраструктура за 15 месеци

Гордана Цветаноска

Тут-ком Прилеп се одборчи кон државата

Митрески: Прилеп може да биде енергетски независен!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе