18.2 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Во пресрет на ИЛИНДЕН македонската коњаница во Кривогаштани

На својот пат до илинденско Крушево, денеска околу пладне македонската Илинденска коњаница го посети Кривогаштани каде беше пречекана пред општинската зграда од градоначалникот Никола Мискоски и жители од селото. Маршот на Македонската илинденска коњаница започна на 26 ти јули од неколку општини во Македонија од Скопје и од Кичево.

Предвидено е коњаницата да се придружи на централното одбележување на празникот Илинден во Крушево на 2 август. Целта  е да се сочува традицијата, културата, македонските вредности и љубовта кон татковината, по пример на храбрите македонски јунаци низ историјата.

Годинава се одбележуваат 121 година од Илинденско востание, 80 години од Првото заседание на АСНОМ и 46 години од првиот Илинденски марш.

Би можело да ве интересира

(Фото) Се запали камион на Плетвар

Пела Редакција

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силен интензитет

Пела Редакција

Помош за семејството чија куќа утринава изгоре најави општината

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе