9 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Правда за шестгодишната Јана – протест во Битола

Под слоганот „Правда за Јана“, утре од 19 часот на плоштадот „Магнолија“ во Битола ќе се одржи протест поради смртта на шестгодишната Јана која почина пред една недела на Детското одделение во битолската клиничка болница.

Протестот го организираат блиски на шестгодишната Јана која почина на 22 март на Детското одделение во битолската клиничка болница. Девојчето, со симптоми на настинка, покачена температура и дијареја, родителите го однеле на педијатриското одделение и починало додека примало инфузија. Родителите на девојчето изразија сомнеж дека детето не било соодветно третирано.

Најавата за протестот е објавена на социјалната мрежа Фејсбук, а го организираат блиски на девојчето.

Во објавата се посочува дека е доста од нефункционалност на здравствениот систем и воедно на утрешниот протест граѓаните ќе бараат правда за Јана, но и оставки и реформи во здравството.

Би можело да ве интересира

( ГАЛЕРИЈА и ВИДЕО ) Радио Пела во посета на Мала Преспа Р. Албанија, на Денот на македонската револуционерна борба 23 Октомври

Елизабета Филипоска

УХМР со метео предупредување за високи температури

Гордана Цветаноска

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ! (5)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе