16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Прилепските танчери патуваат на европскиот натпревар во Сараево

Студиото за модерни танци Dance studio New Generation кое прераснува во симбол на новата генерација на Прилеп, вљубеници во музиката и ритмот на современата игра, в среда на 29 ти март тргнува  на еден од најдобрите натпревари во Европа  на ИНТЕР ДЕНС ФЕСТ САРАЕВО. Во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, четири дена (30 и 31 март и 1 ви и 2 април) ќе настапуваат едни од најдобрите школи и клубови за модерни танци од европскиот континент кои ќе се натпреваруваат во различни стилови.

Во Сарево четири дена ќе се игра, ќе го претставиме нашиот град  Прилеп и Македонија.Тука ќе се натпреваруваме со најдобрите клубови  од Европа и ќе има  голема  конкуренција. Ние ќе се претставиме со 5 формации во Опен, Хип Хоп, Стрит Денс и со многу соло настапи во Стрит денс и Хип хоп. Точно 23 танчери од Прилеп ќе играат со најдобрите, велат од прилепското студио Dance studio New Generation.

Им посакуваме среќа во настапите и во најдобро светло да го претстават Прилеп и Македонија.

Би можело да ве интересира

Не се може без „Мајмуни“ и „Маркови внуци“во Порто !!!

Изложбата на слики „Без наслов“ од уметницата Касиопеја, вечерва, последна пред воведување на рестрикциите?!

Гордана Цветаноска

Спортски клуб со големо срце, ЏК Сеишин со уште една донација за прилепската болница

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе