9.3 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

МЕТЕОАЛАРМ: И ДЕНЕСКА ПОПЛАДНЕ ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Охрид, 38 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролшки работи. Според мерењата утрово во 8:30 часот, 27 литри на метар квадратен наврнало во Маврови Анови, 23 во Крушево, додека 13 литри наврнале во Битола и Прилеп.

„Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град,“ информираат од УХМР.Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени.

Жолт метео аларм има и за деновите од почетокот на работната недела и според синоптичарите не’ очекува слично  време со многу нестабилност, ветер и услови за пороен дожд.

Би можело да ве интересира

И, Лепа Брена се најде на нејзиниот фризерски под

Елизабета Филипоска

Полицијата приведе прилепчанец, пукал со пиштол за Коледе

Кој пее зло не мисли

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе