Домаќинот, РК Деспина во Прилеп не успеа да забележи победа против фаворитот Пелистер во рамките на женската лига. Во салата на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ се одигра натпреварот од 16. Коло каде Пелистер влезе како фаворит. Дека ќе биде тешка битката за победа покажаа првите 30 минути кога прилепските ракометарки се обидуваа рамноправно да им се спротивстават на битолчанки и во тоа без малку успеаа. На полувреме резултатот беше сепак во корист на Пелистер со 14:13. Но, за победа не е доволна само голема желба. Во второто полувреме дојде до израз физичката подготвеност. РК Деспина забележа само 8 голови, додека разиграните битолчанки без проблем ја тресеа мрежата на противничките и во вториот дел постигнаа 15 голови, за краен резултат од 22:29 за гостинките.
Пелагониското дерби ги оправда очекувањата во првиот дел.
Најдобар стрелец кај домашните беше Рипилиоска со 7 погодоци, а во таборот на Пелистер најуспешна беше Јанкуловска со 10 голови.
претходна вест