5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Овогодишната Прва награда на ЕУ, за Несиме Салиоска за значајни промени во ромската заедница  

Европската комисија ги објави победниците на наградата на ЕУ за интеграција на Ромите за Западен Балкан и Турција на официјалната церемонија која се одржа на 19 март.

Од Северна Македонија, Прилепчанката, Несиме Салиоска , (НВО РОМА С.О.С),поборникотот за стопирање на детските бракови во ромската заедница и жената активист која издејствува за позитивни законски промени на ова поле,  е добитник на првата награда на ЕУ за 2019 год. за ромската интеграција во Западен Балкан и Турција.

(Нејзинот преставување на церемонијалот “Женски активисти за грасрут – Непознати херои”)

 

„Женската солидарност е сила, а посебно ако цврство се верува во поставената мисија!- NDI North Macedonia го градеше мојот капацитет за застапување, UNFPA MK овозможи национална и глобална видливост, UNICEF MK подржа истражување и промоција на публикација, а мојата хероина Cvetanka Ivanova се избори со својот интегритет за да му даде несекојдневен легитимитет на нашите барања за промена! Сето ова е сега верификувано и од Европската Комисија за што сум бескрајно благодарна. 
Појавата “детски бракови” полека но сигурно прерасна во државен приоритет, како на институциите така и на активистите за човекови права!“-истакна Салиоска на својата facebook страна

 

Од 105 доставени пријави, 14 ромски жени од Албанија, Косово,Северна Македонија, Б и Х , Црна Гора, Србија и Турција се избрани и номинирни со први и втори награди за нивните придонеси за вклучување, интеграција и зајакнување на Ромите во нивните заедници и општества.

Овогодишната награда за ЕУ ​​за интеграција на Ромите “Женски активисти за грасрут – Непознати херои” е посветена на индивидуални ромски активисти кои донесоа значителни промени во своите заедници. Станува збор за ромските жени кои се вистински борци за промена и кои придонесуваат за промовирање на рамноправна вклученост во општество.

Номинираните често се изложени на ризик со тоа што ги кршат воспоставените традиции како што се спречување на малолетнички бракови, ги поттикнуваат и охрабруваат жените Ромки да се вработат и со тоа да создадат иднина за себе,  им помогат да научат да читаат и да завршуваат средно образование, им овозможат на жените пристап до нивните законски права; итн

Целта на оваа награда е да се истакне политичката важност на ромската интеграција во ЕУ процесот на проширување на ЕУ, да ја зајакне улогата на клучните играчи и да ја покаже решеноста и посветеноста на ЕУ за зајакнување на социјалното вклучување на ромскиот народ.

Од 10-12 милиони Роми кои живеат во Европа, околу 1 милион живеат во Западен Балкан и околу 2,8 милиони живеат во Турција. Ромите имаат богата култура и историја, која е нераскинливо поврзана со Европа. Но,  исто така тиесе соочени со долга историја на сиромаштија и исклучување од заедницата. Иако, се еднакви граѓани во опшеството, се уште се жртви на расизам, дискриминација, социјална исклученост и живеат во длабока сиромаштија. Затоа инклузијата на Ромите во заедницата продолжува да биде клучен приоритет на ЕУ за ефективната интеграција да стана еден од условите што треба да ги исполнат земјите во развој, со цел да станат земја-членка.

Заложбата што ја покажаа овие силни жени ативисти веќе има видливо влијание врз интеграцијата на Ромите ,но треба да се инспирираат и идните чекори за продолжување на добрата работа на овие активисти. Со помош  на овие лица, ЕУ ги поддржува напорите за зајакнување на Ромите да станат полноправни членови во нивните општества.

Инаку победниците добија награди, кои ќе им помогнат да го продолжат ангажманот за поддршка на интеграцијата на Ромите. Церемонијата за доделување на наградите се одржа во рамките на четвртата ромска недела на ЕУ (18-21 март 2019 година).

 

Би можело да ве интересира

Смилеска: Се прават последни подготовки за пуштање на модуларната болница

Гордана Цветаноска

Невреме се приближува – можни се излевања на каналите

Елизабета Филипоска

Прилеп: починаа двајца, 89 новозаболени

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе