На тема „Виситни и заблуди за лицата со Даунов синдром„ проф. д-р Јованка Тутеска, член на ДНУ – Прилеп, одржа еукативно предавање пред присутните членови на друштвото, преставници од здружението “Порака“, граѓани, студенит…каде говореше за еднаквите можности на лицата со даундов синдром, за важноста за нивното интегрирање во опшeствената заедница, за историјата на оваа „состојбата“, за медицинската, здравствена, состојба на овие лица, како и за потребата од зголемување на свесноста за инклузијата на лицата со Даунов синдром.
„Оваа тема е со цел некој од заблудите кои ги следат овие лица да се анулираат. Кај нас има поголема ширење на заблудите, отколку на вистините. Како една од најчеста пласираните заблуди е тоа што Дауновиот синдром се декларира како болест, што во суштина е само една состојба, со која што лицето се раѓаат и живееат. Овие лица успешно можат да се вклопат во образовниот систем, имаме студенит со Даундов синдром во Високото образование кои успешно можат да ја следат настават, овие лица можат да се вклучат на пазарот на трудот.. Но не е доволно само напорот на семејството,во поддршката и инклузијата, бидејќи овие лица во нашето опшество главно се препуштени само на нивнте семејства, туку е потребно и задолжително вклучување на сите фактори,сите релевантни институции, да помогнат лицата со даундов синдром да се чуствуваат корисни, како за себе, така и за заедницата.“- истакна професорката Тутеска
ххххххх
– Down-овиот синдром е медицинска состојба која се манифестира како хромозомска абнормалност. Името го добива по Британскиот доктор John Langdon Down, кој прецизно ги опишува карактеристиките на овој синдром во 1866 година. Поради тоа што физичките карактеристики на луѓето со овој синдром биле слични со жителите на Монголија, го употребувал терминот “mongoloid” што денес се однесува на Down-овиот синдром. Jerome Lejeune подоцна во 1959 година открива дека синдромот е резултат на хромозомски абнормалности….
ххххххх
– Секаков вид аберации на хромозомскиот број (намалување или зголемување) доведува до промени во генотипот што предизвикува и промени на фенотипско ниво. Down-овиот синдром не е болест, тоа е хромозомска состојба, Down-ов синдром е најчеста причина на човековите дефекти при раѓањето, Во поголемиот број случаеви, Down-овиот синдром не е наследна особина …– за здравствените состобна, кои се јавуваат почесто кај лицата со Down-ов синдром…
Со оваа едукација ДНУ Прилеп даде свој придонес во одбележувањето на Светскиот ден на Даунов синдром – 21 Март.
„ Целата на ваквите предавања е од еден научен аспект да проговориме за теми кои се од значање за заедницата и граѓаните и да дадеме свој придонес кон подигнување на свеста кај луѓето за лицата со Даунов синдорм, да укажеме на тоа дека тие имаат исклучителни потенцијали, да учат, да бидат креативни, да се вклучуваат во пазарот на трудот, да ја поттикнеме нивната инклузивност, што е можно повеќе во опшественото живеење“- рече Силвана Пашоска, претседател на ДНУ-Прилеп
На Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21 март, гласот за еднаквиот третман на овие лица добива на интензитет,со цел да се зголеми свесноста за инклузијата на лицата со Даунов синдром.