Без голови и без победник заврши пресметката помеѓу Победа и Вардар. Неатрактивен меч гледаа љубителите на фудбалот, а сериозните шанси кои ги понудија двата тима се броеја на една рака. Вкупно пет добри шанси имаше на целиот натпреварот во Охрид. Победа беше посериозна во обидите во првиот дел, а Вардар беше поактивен во второто полувреме, па ремито остана како реален исход од натпреварот.
Победа со ремито против Вардар ја прекина серијата порази и создава надеж да обезбеди бараж, а потоа и опстанок во елитното фудбалско друштво на Македонија.
Тренерот на Победа, Тони Мегленски, за Радио Пела изјави:
Овој бод е значаен за Победа. На овој натпревар можеме
само да жалиме за 4/5 -те стопостотни испуштени шанси и за тоа што не постигнавме гол, бидјеќи бодовите навистина ни се потребни. Но, мене ме радува оптимизмот кај играчите и желбата до крај да се борат за да ја извојуваме битката за бараж и за опстанок во ПФМЛ. Не се откажуваме до последниот натпревар, бидјеќи во „игра“ имаме уште 33 бода за освојување.“- истакна Мегленски
Инаку, бодот против Вардар не е нешто многу што ѝ одговара на Победа, затоа што конкурентите во битката за опстанок, Силекс, Македонија ЃП и Беласица исто така освоија бод на своите натпревари, а Победа сеуште остануваат заковани на дното во ПМФЛ и ги чека тешка борба за спас. Следниот натпревар Победа ја игра со „Македонија Ѓорче Петров“.