11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа одбележан во Прилеп

Со положување свежо цвеќе на Могилата на непобедените во Паркот на револуцијата, Општина Прилеп ги одбележа 74 годишнината од победата над фашизмот и 69 годишнината од Денот на Европа.
Општина Прилеп и годинава овој ден го чествува заедно со Руската Федерација.
„Се сеќаваме на сите оние борци кои што ги изгубиле животите и кои придонесоа да ја имаме денешната слобода. Како ние, така и младите генерации за кои во иднина треба да обезбедиме подобар живот. Денеска се навршуваат и 75 години од херојската смрт на народните херои Кире Гаврилоски-Јане и Круме Волнароски, кои загинаа на денешен ден во 1944 година“, изјави градоначалникот Јованоски.
Алексеј Кривошев, Втор секретар на Амбасадата на Руската Федерација, рече дека начинот на кој во Прилеп и Македонија се прославува 9-ти Мај, ја покажува неговата големина и важност.„Можам да кажам дека ако 9-ти Мај на овој начин се прославува секоја година, тоа значи дека никогаш нема да се заборави тој подвиг на борците кои ги дале своите животи на олтарот на победата над фашизмот. Секое име кое го гледаме на овој споменик, е како зрак на светлината за слободната иднина. Животот оди напред, но никогаш не се заборава подвигот на тие борци. Слава им за сите времиња“, потенцираше Кривошев.
Во чест на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, цвеќе на Могилата на непобедените положија и претставници на Армијата, на Советот на општина Прилеп, Сојузот на борци и здруженија на граѓани, а ученици од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ изведоа пригодна програма.

Би можело да ве интересира

Прилеп има 9 активни ковид случаи

Гордана Цветаноска

Витаминка за порастот на цената на маслото Брилијант: Внимаваме и важно ни е да нема големи ценовни скокови кон граѓаните

Општина Прилеп: Во неколку населени места – водата од јавните чешми не е здравствено исправна

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе