17.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

МЗШВ: Земјоделците да се подготват за обилни врнежи од дожд и невреме

По најавата за циклонска активност што од 12-ти до 17-ти мај се очекува да предизвика пообилни врнежи од дожд, град и засилен ветер, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство издаде предупредување до земјоделците да преземат превентивни мерки за заштита на насадите и пчелните семeјства.

„ Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив“ се вели во соопштението.

Под влијание на серија влажни бранови утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град, гласи прогнозата од УХМР.

Новите врнежи од дожд прогнозирани за викендот и почетокот на наредната седмица ќе започнат да предизвикуваат проблеми со пролетната сеидба, расадувањето на тутунот и останатите работи на отворено, поради големата влажност особено во површинскиот слој.
Ваквите временски услови и понатаму не е поволни за пчеларството, заради интензивниот пролетен развој каде потребите од чести излетувања и носењето на храна се многу големи, а ветровитото и врнежливо време тоа не им го дозволува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Со отворен час одбележани 30 години од смртта на Блаже Конески

Гордана Цветаноска

Денес во 16:33 часот започна пролетта

БАДНИКОВИ ПОВОРКИ: ПОВИК ЗА УЧЕСТВО до сите градови и населени места во Републиката и дијаспората!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе