1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Крушево го слави Националниот ден на Власите

edh

Крушево го одбележува националниот Ден на Власите, 23- ти мај. По тој повод Општина Крушево во соработка со ООУ „Никола Карев“ Општина организира манифестација  во Дом на култура „Наум Наумовски Борче“ каде учество зедоа учениците, кои преку  музички, ритмички и литературни точки и перформанси ја прнесоја влашката култура, традиција, историја и обичаи.

„Ден има посебно значење, не само за припадниците на влашката заедница, туку и за сите останати националности како симбол на соживот и заедничкото живеење во нашата држава. Ние, како крушевчани треба да бидеме посебно горди на овој ден бидејќи споменувањето на Крушево претставува синоним за влашката култура, традиција и обичаи“, рече претседателот на Советотот на Општина Крушево ,Тома Петроски.

sdr

Националниот Ден на Власитe е денот кога 1905 година, турскиот султан Абдул Хамид Втори, за прв пати ги признал Власите како посебен народ, со право да се образуваат на својот мајчин јазик, да имаат право на одржување на богослужба на влашки јазик, да публикуваат книги и списанија на влашки јазик…

Би можело да ве интересира

Седница на Совет – повисоки плати за комуналците, за помошниот персонал во старски дом, нови вработувања во библиотека…

Елизабета Филипоска

Концерт во Крушево „Со љубов за Тоше“ (16 години од последниот концерт на Тоше на 5 ти октомври)

Пела Редакција

Викторија прогласи „состојба на катастрофа“, Мелбурн под карантин

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе