1.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Пробен попис на населението во општините Прилеп и Долнени

Од 10 ти до 30 ти јуни ќе се одржи пробен попис на населението во двете општини Прилеп и Долнени и тоа во 2 урбани пописни круга во Прилеп и 2 рурални круга во Црнилиште и Лажани. Пробниот попис ќе се спроведува во вкупно 13 општини во земјава во 8 те региони.

– Пробниот попис претставува еден вид на симулација на главниот попис кој што треба да се спроведе 2020 год. Тоа ни е нам неопходна алатка, да ги провериме сите инструменти за успешно спроведување на една таква голема статистичка операција. Тоа подразбира дека 32 -ца попишувачи кои ќе бидат вработени во Државниот завод за статистика излегуваат на терен и ќе ги проверуваат сите методолошки аспекти на спроведувањето на попишувањето како и организациско техничките подготовки на Пописот. Тоа нам ќе ни послужи да видиме дали сме на вистинскиот пат што точно досега имаме направено, што треба да се подобри и да се корегира за да можеме следната година да бидеме професионално подготвени за успешно спроведување на Пописот, рече Јасмина Ѓорѓиева, координатор на Секторот за дисеминација и односи со јавност при ДЗС.

Во пробниот – симулативен попис ќе учествуваат 13 општини. Од ДЗС повикуваат населението масовно да се вклучи во попишувањето и со нивните одговори да помогнат во подготовката за најголемата статистичка операција.

– И пробниот и главниот попис ќе траат по 21 дена, ќе се спроведуваат електронски и не се потребни никакви документи, освен матичен број што е основен услов. Новина е за Пописот 2020 год. што ќе се попишуваат и лицата во странство. Затоа апеларам до граѓаните кои се опфатени во пробниот попис доколку имаат лица од семејството кои имаат надвор во странство, ако можат да обезбедат матични броеви, додаде Ѓорѓиева работната средба со градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски.

.
Од пробниот попис нема да има објавено никакви податоци, бидејќи е најважна методологијата на одвивање на операцијата. Пробниот попис ќе се изведува на 2 јазици – македонски и албански, а главниот Пописот 2020 год. ќе се изведува на 7 јазици. Главниот Попис 2020 година ќе се реализира од 1ви до 21 април наредната година и една од новините која што е предвидена е „самопопишување“ – апликација каде што граѓаните ќе можат да се најават и да се попишат сами од странство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пензионери: не постои средна класа, туку само робови и робовладетели!

Гордана Цветаноска

Тутунарите добија одговор од МЗШВ како ќе се распределат парите од Ковид пакетот

Гордана Цветаноска

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе