5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Традицијата продолжува – 16 ти Меѓународен џудо турнир „Прилеп опен“

Прилеп, викендов беше домаќин на 16-тиот по ред Меѓународниот џудо турнир „Прилеп опен“ во организација на Џудо клубот Пролетер. Турнирот, на кој зедоа учество џудисти од повеќе држави од соседството, како и од кај нас, го отвори градоначалникот Илија Јованоски.

„ Особено ме радува фактот на убавите спомени со овој клуб бидејќи токму пред 20 години јас бев активен уесник како доктор во овој клуб и се грижев за тогашните спортисти и џудисти кои се денес спортски работници ширум државата. Не само џудистите туку и сите спортски настани на меѓународни и државни нивоа ќе имаат посебно место кај мене“, истакна Јованоски.

„Денеска имаме 21 екипа, учесници од Србија, Косово, Грција, Бугарија. Се надевам дека овој настан во иднина ќе прерасне во една врвна манифестација на нашиот град“ посочи Славе Димитриоски тренер на џудо клубот „Пролетер“.

Домаќините ги заслужија сите епитети за извонредната организација, а нивниот влог вроди со плод и на татамите, каде беа целосно доминантни и освоија 11 медали од 18 натпреварувачи (2 златни, 2 сребрени и 7 бронзени ).  

Би можело да ве интересира

ПРИЛЕПЧАНИ ОДИГРАА ШАМПИОНСКИ ВО ШТИП

ЏК Сеишин на државните првенства во џудо за пионери и сениори освои 16 медали (ФОТО)

Никола Димески

Успешен пролетен старт на ЖРК „Деспина„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе