Детскиот хор ,,Мали Ангели“ го одржа традиционалниот новогодишен концерт во големата сала од НУЦК ,,Марко Цепенков“, која беше исполнета до последното место. Малите хористи преку целовечерната музичка изведба, едноставно, им ги раснежнија срцата на сите присутни.
Под диригентсво на Маја Џопа, 70 деца на возраст од 6 до 14 години, пред публиката се претставија со 20-тина хорски песни, и уште еднаш ги потврдија своите вокални способности во хорското пеење, оставајќи впечаток на прилепската публика како интересен музички и културен бренд во својата категорија.
Низ детскиот хор „Мали Ангели„ во седумогодшнен период од постоењето на хорот имаат продефилирано повеќе од 100 деца, што говори за интересот на најмладите за хорското пеење.Детскиот хор „Мали Ангели“ денес претставува културен бренд на градот, но и на Р.Македонија, бидејќи е баран да настапува на многу манифестации во земјава и во странство.
Детскиот хор „Мали Ангели“ е формиран 2011-та година со цел да ја развива музичката култура кај децата и да ги воведе децата во тајните на хорското пеење. Од своето постоење досега, детскиот хор „Мал Ангели“ настапувал на различни свечености и манифестации, а веќе традицинално, секоја година, го одржува и својот предновогодишен концерт, преставувајќи се пред прилепската публика. Детскиот хор „Мали Ангели“ како проект на „Арт 10“ продукција е наменет за промовирање на хорското пеење кај децата, работи под покровителство на Општина Прилеп и Министерството за култура на Р.Македонија.