18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

Тамара го откажа настапот на Пивофест

Дали на Тамара и’ делуваше јавното мислење, па го откажа настапот на Пивофест, како и настапот во Охрид? Огромното незадоволство изразено на социјалните мрежи по се изгледа влијаеше на нејзината одлука. Таа на својот твитер и фејсбук профил штотуку објави дека не доаѓа на овие две манифестации, иако претходно беше најавено нејзиното учество.

Радио Пела како единствено рурално радио во Македонија, веднаш по нејзиниот настап по повод 4 јули Денот на независноста на САД, објави дека ненамерно ги избриша сите нејзини песни и настапи, и поради тоа им се извини на нејзините фанови.

Откажувањето на настапот на Тамара во Прилеп е дополнителна главоболка за организаторите две недели пред Пивофестот. Воедно своето учество го откажаа и членовите на групата Нови фосили кои требаше да настапат во недела на 21.07, наместо нив ќе пее Даниела Мартиновиќ, напишаа органиторите на официјалната фејсбук фан страна.

Би можело да ве интересира

(видео) Со историчарот Ѓорѓи Костоски: На 4 мај починале тројца маркатни личности значајни во македонската историја, Гоце Делчев, Пере Тошев,Тито

Елизабета Филипоска

За една седмица 15 починати, 377 новозаразени од КОВИД 19

Елизабета Филипоска

Прилеп и Плетвар под снег

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе