11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Непреспани ноќи за жителите од нас. „Аличаир„! Стадионот, место каде во доцните часови тинеџерите „лудуваат“!

Секоја ноќ, жителите од прилепската нас. „Аличаир“ , оние кои живеат во близина на стадионот со вештачка трева, се соочуваат со непреспани ноќи. Не од жешкото време, ниту од досадните комарци,  туку од викотници, урликања, смеења, пуштање на гласна музика, безобразаен вокабулар, пцовки и кикотења од тинејџери, кои секоја ноќ, баш секоја ноќ,  доаѓаат, наводно, да вежбаат на поставените справи. „Вежбаат и викаат“- велат жителите кои ни испратија видео снимки од ноќните случувањата.

Видеото е од еден од жителите на населбата Аличари кои се обиделе да снимаат по полноќ

Тоа е период од  1,оо /2,оо  часот по полноќ,  кога ноќната тишина ја нарушуваат само криците и урликањата на тинаџерската толпа, која нема вечер, а да не го посети стадионот.

А, згора на се , за да имаат светлина, си ги палат и рефлекторите, 4 на број (на 4 места по два рефлектори), од стадионот и тие остануваат да светат до утринските часови ,доцна наутро , се додека „некој“ , не дојде да ги исклучи.

Кога велиме „НЕКОЈ“ се обидовме, како редакција, да дознаеме под чија надлежност е стадинот со вештачка трева?!  Кој го одржува стадионот?! Поточно, кој е надлежен да го чува , заштитува, 24 ч. од уништување, бидејќи тоа е инфраструктурен објект од опшествен интерес и преставува опшествено добро?!

Но, како никој да не сака да биде „газда “ на стадионот, кога е во прашање неговото чување и заштитување од тинеџерски хулигани, кои со уринирање на стадионот , викање и пцовки го нарушуваат мирот на жителите од оваа населба и кои прават трошоци за потрошена електрична енергија и го уништуваат опшествениот имот?

„Кој ќе ја плаќа потрошената струјата за целовечерна употреба на 4 рефлектори? Чии средства се издвојуваат доколку се  оштетува стадионот со вештачка трева?!  Од чии џеб ќе се одвојува за повторно оградување?! Чиј е стадионот со вештачка трева во „Аличаир“?!“- прашуваат жителите.

„Некој“, деновиве почнал да ја заклучува вратата од стадионот, но отворите на искинатата мрежа- ограда ,  сеуште се достапни, како места каде можат тинеџерите да влегуваат и  по неколку часови да го нарушуваат мирот и редот,скокајќи на справите и низ стадионот кои се поставени за вежбање .

А, рака на срце, велат жителите на Алинци, полицијата, која во повеќе наврати е повикувана од нив и е запозната со состојбата ,реагирала, и доаѓала за го заштити мирот на овие жители.

„Но  ,штом тие ќе заминат “- вели еден од жителите- „ тие повторно се враќаат назад и урликањето е поголемо и неподносливо.  Не знаме каде да го пријавиме проблемот„ – ни рече револтурано еден од жителите.

„ Јас беви до ЛС, оттаму ме информираа дека не биле тие надлежни за тоа. А, нели е тоа опшествен имот?„ Или можеби е приватен?!“- вели друг жител од оваа населба

„Немаме мир ниту една ноќ. Не вредат ниту повици до полицијата!“- вели неговата сосетка

Жителите од оваа населба се прашуваат под чија надлежност е стадиот со вештачка трева? Кој треба да е надлежен за негово обезбедување и чување?

Би можело да ве интересира

Детската градинка Весело штркче го прослави третиот роденден

Гордана Цветаноска

Прилепчанец повредил полицаец

Пела Редакција

Кога во Крушево? Проверете што ве очекува од 8 до 10 февруари!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе