30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Кривогаштани

На крстосница од улиците „Филип Втори“ и „Гоце Делчев“ во с.Кривогаштани, вчера на 15.07.2019 во 09.15 часот се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(59) од с.Кривогаштани и мотоцикл „Јујинг“ без регистарски ознаки, управуван од Ф.Н.(17) од с.Свето Митрани, прилепско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Ф.Н. и бил пренесен во Градското болница во Прилеп, стои во билтенот на МВР.
Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Физички напади- еден напад пред игротека, а друг (малолетно лице) пред училиште

Крадец фатен на дело во куќа во Прилеп

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на влезот во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе